Бокс
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Бокс | |
| Насоченост | удирање |
|---|---|
| Земја на потекло | Грција (античко боксување) Обединето Кралство (модерно боксување) |
| Основач | Разни борци |
| Потекло | Непознато |
| Олимписки спорт | Од 688 пне. |
Боксот е спорт што вклучува напад и одбрана со тупаници.
Содржина
Модерен бокс[уреди | уреди извор]
Во модерниот бокс, боксерите носат меки ракавици а натпреварувањето трае 12 триминутни рунди во квадрат ограден со јажиња, познат како ринг.
Боксот во античка Грција и Рим[уреди | уреди извор]
Во античка Грција борачите користеле тесни каиши на рацете и подлактниците, додека во Рим гладијаторите на рацете користеле кожени покривачи со метални клинци (цести) и најчесто се бореле до смрт.
Боксот од 1839 година до 1904 година[уреди | уреди извор]
Со воведувањето на лондонските правила на рингот во 1839 год., удирањето со нога, туркањето, удирањето со глава, гризењето и удирањето под појасот, биле одстранети од стандардниот боксерски репертоар. Правилата од Квинсбери од 1867 год. барале носење ракавици, но сепак боксувањето со голи раце продолжило до 1880 год. Последниот од познатите борачи со голи раце бил Џон Л. Саливан. По Саливан, САД станале прво место по бокс, делумно поради тоа што имигрантите го обновувале влогот на боксерите. Боксот е вклучен во Олимписките игри во 1904 год.
Категории[уреди | уреди извор]
Денес во професионалниот бокс постојат 17 тежински класи:
- суперлесна до 48 кг
- јуниорска мува до 49 кг
- мува до 51 кг
- јуниорска бантам до 52 кг
- бантам до 53,5 кг
- јуниорска перолесна до 55 кг
- перолесна до 57 кг
- јуниорска лесна до 59 кг
- лесна до 61 кг
- јуниорска велтер до 63,5 кг
- велтер до 67 кг
- јуниорска среднотешка до 70 кг
- среднотешка до 72,5 кг
- суперсредна до 76 кг
- лесно-тешка до 79 кг
- полутешка до 86 кг
- тешка над 86 кг
Натпревар[уреди | уреди извор]
Натпреварот може да биде добиен со нокаутирање или со соборување на еден противник со броење до 10,(КО) или со делење уверливи удари и така собирајќи што повеќе поени. Судијата, исто така, може да ја запре борбата кога еден боксер е лошо удрен (технички нокаут или ТКО) или може да го дискфалификува боксерот поради нарушување на правилата и да додели победа на неговиот противник.[1]
Боксот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Боксот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Исхраната на боксерот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[2]
- „Роки“ (англиски: Rocky) - американски спортски филм од 1976 година, во режија на Џон Ејвилдсен.[3]
- „Боксерот“ (The Boxer) - песна на американското дуо Пол Сајмон и Арт Гарфанкел од 1970 година.[4]
- „Боксерот“ (The Boxer) - песна на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.[5]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Британика
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 72.
- ↑ HRT, Официјална интернет-страница (пристапено на 5.4.2017)
- ↑ YouTube, Simon & Garfunkel - The Boxer (пристапено на 4.3.2018)
- ↑ DISCOGS, Emmylou Harris – Roses In The Snow (пристапено на 8.10.2018)
|