2 јануари
Изглед
2 јануари — 2-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 363 денови до крајот на годината (364 во престапна).
Настани:
| 1839 | Францускиот пионер на фотографијата Луј Дагер ја снимил првата фотографија на Месечината. |
| 1905 | Над селото Кнежево, Кратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7 јануари истата година. |
| 1946 | Македонските политички затвореници од затворот „Касандра“ во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: „Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција...“. |
| 1959 | Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советскиот брод без екипаж „Луна I“. |
| 1971 | Во Глазгов, за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Селтик“ и „Ренџерс“ загинале 66 навивачи поради уривање на дел од трибината. |
Родени:
| 1642 | Мехмед IV — отомански султан. |
| 1699 | Осман III — отомански султан. |
| 1837 | Милиј Алексиевич Балакирев — руски композитор, пијанист и диригент. |
| 1920 | Исак Асимов — американски писател на научна фантастика од руско потекло. |
| 1936 | Роџер Милер — американски композитор и пејач (†1992) |
| 1948 | Огњен Петровиќ — српски и југословенски фудбалер. |
| 1964 | Пернел Витекер — американски боксер. |
| 1968 | Олег Дерипаска — руски бизнисмен. |
| 1969 | Кристи Тарлингтон — американски модел и манекенка |
| 1980 | Жером Пино — француски велосипедист. |
| 1992 | Пауло Газанига — аргентински фудбалски голман. |
| 1997 | Карлос Солер — шпански фудбалер. |
Починале:
| 1801 | Јохан Каспар Лаватер — швајцарски писател, теолог и филозоф. |
| 1952 | Христо Татарчев — македонски револуционер. |
| 1955 | Хосе Антонио Ремон — претседател на Панама. |
| 1977 | Ерол Гарнер — американски џез-музичар. |
| 1987 | Методи Поповски — македонски командант од НОАВМ. |
| 1988 | Ремон Рубен — професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од водечките дерматовенеролози во Македонија. |
| 1993 | Михајло Лалиќ — црногорски писател. |
| 2005 | Едо Муртиќ — хрватски сликар. |
| 2019 | Марко Николиќ — српски глумец. |
| 2025 | Кристобал Ортега — мексикански фудбалер и тренер. |
Празници:
| * | Според Римокатоличкиот календар:
|
| * | Според македонскиот Православен календар:
|