Марко Николиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Марко Николиќ (Кралево, 20 октомври 1946Белград, 2 јануари 2019) - српски филмски и театарски глумец, најпознат по главната улога во ТВ серијата „Подобар живот“. Тој бил добитник на наградите „Павле Вуисиќ” и „Цар Константин“.

Биографија[уреди | уреди извор]

Марко Николиќ

Марко Николиќ е роден во Кралево на 20 октомври 1946 година. За време на Втората светска војна, неговите родители живееле во Теслиќ, но по доаѓањето на усташите се преселиле во Краљево. Марко Николиќ порансал во Краљево, каде уште во детството го посетувал театарот.[1] Неговата мајка Лепосава, исто така, била глумица, татко му бил шумарски инженер, а имал и постар брат.[2] Во детството тренирал кошарка во клубот „Слога“ и на возраст од 17 години станал дел од сениорската екипа. Сепак, набргу го засакал театарот и решил да се бави со глума.[1] По завршувањето на основното училиште „Светозар Марковиќ“ и на средното училиште во Кралево, тој заминал на отслужување на воениот рок, а потоа одлучил да студира глума.[3] Сепак, не успеал да го положи приемниот испит на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград и на Академијата на уметностите во Нови Сад, а дури по третиот обид станал студент на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград.[1]
Таму, тој студирал заедно са Мики Манојловиќ, Предраг Ејдус, Драган Максимовиќ, и Горан Султановиќ, а дипломирал во 1972. година. Претходно, во 1970. година станал член на Народниот театар во Белград.[1][4][5]

Николиќ бил трипати во брак и имал три деца, од кои ќерката Мина, исто така, била глумица.[6][4]

Починал на 2 јануари 2019 година, на КБЦ „Звездара” во Белград, по долга и тешка болест.[7] Комеморацијата по повод неговата смрт била одржана во Народниот театар во Белград, на 5. јануари, а истиот ден бил закопан во Алејата на заслужните граѓани на Новите гробишта во Белград.[8][9][10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 "Pričao je da mu je JEDNA uloga PROMENILA ŽIVOT, a impresivna BIOGRAFIJA Marka Nikolića nikoga ne ostavlja ravnodušnim". blic.rs. 03. 01. 2019. 
  2. "Marko Nikolić, stranica mog života: Zamalo da postanem košarkaš zbog mog drugara Ducija". yugopapir.com. 
  3. "Историјат ОШ Светозар Марковић". ossvetozarmarkovic.wordpress.com (Serbian). конс. 05. 01. 2019. 
  4. 4,0 4,1 "Marko Nikolić - svi ga znate kao Gigu Moravca!". mondo.rs. 24. 01. 2017. 
  5. Marko Nikolić, Karađorđe među glumcimasinemanija.com
  6. "Svi detalji ljubavnog života Marka Nikolića: Ženio se tri puta, imao troje dece, a ono što je rekao o ćerki Mini, mnogo je otkrilo o njemu". zena.blic.rs. 03. 01. 2019. 
  7. "Zbogom Gigo! Preminuo legendarni glumac Marko Nikolić". informer.rs (Serbian). конс. 02. 01. 2019. 
  8. "Poslednji pozdrav: Sahranjen Marko Nikolić, belo cveće prekrilo njegov grob, Ivica Dačić i Mima Karadžić u suzama". blic.rs (Serbian). конс. 05. 01. 2019. 
  9. "Jecaji i suze odzvanjali Alejom velikana. Sahranjen Marko Nikolić! Ovako se Srbija oprostila od čuvenog glumca!". alo.rs (Serbian). конс. 05. 01. 2019. 
  10. Марко Николић сахрањен у Алеји заслужних грађана, „Политика”, 5. јануари 2019.