10 јануари

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31

10 јануари е 10-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 355 денови до крајот на годината (356 во престапна).

Настани:

49 п.н.е.  Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговорил познатата реченица „Коцката е фрлена“, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар), со што почнала граѓанската војна со приврзаниците на Помпеј која завршила со воведување негова лична диктатура. Во 44 г.п.н.е. Цезар бил убиен од припадниците на републиканската опозиција.
1863  Во Лондон, Велика Британија, е отворена Метрополската линија - првата подземна железница во светот.
1920  По иницијатива на претседателот на САД, Вудро Вилсон, формирана е Лига на народите со седиште во Женева. Целите на оваа организација беа да се зачува мирот и да се зајакне меѓународната соработка. Нејзината активност не ги донесе очекуваните резултати. Фактички престана да дејствува уште во 1940 година, а формално беше укината во 1946 година.
1975  Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Централна Европа со оние во Данска и во Шведска.
1994  Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
1996  Генералниот секретар на Обединетите нации Кофи Анан ја посети Република Македонија.
1996  Република Македонија и Европската унија воспоставија дипломатски односи.

Родени:

1897  Методија Шаторов - Шарло — македонски комунист и национален деец.
1902  Добриша Цесариќ — хрватски поет.
1913  Густав Хусак — последниот социјалистички претседател на Чехословачка.
1931  Јован Зизиулас — Митрополит Пергамски на Вселенската Патријаршија на Константинопол.
1935  Леонид Кравчукукраински политичар
1945  Род Стјуарт — англиски пејач.
1945  Иво Ивановскиминистер за информатичко општество и администрација на Македонија.
1950  Вецко Домазетовски — македонски есеист, критичар и книжевен теоретичар.
1987  Цезар Сиело — бразилски пливач.

Починале:

1778  Карл фон Лине — шведски ботаничар и систематичар, прв претседател на Шведската академија на науките, еден од најголемите дескриптивни ботаничари на сите времиња.
1862  Семјуел Колт — американски пронаоѓач.
1917  Вилијам Коди (познат како Бафало Бил) — американски каубоец.
1971  Коко Шанел — француска модна дизајнерка.
1991  Александар Лазаров — редовен професор на Медицинскиот факултет, долгогодишен директор на Гинеколошката клиника во Скопје и еден од првите стручњаци на гинекологијата во Македонија.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември