Иво Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Иво Ивановски
Ivo Ivanovski, chairman of WTPF 13.jpg
Министер за информатичко општество
На должноста
1 август 2008 – 15 септември 2015
Претседател Ѓорге Иванов
Премиер Никола Груевски
Наследник Марта Арсовска Томовска
Лични податоци
Роден(а) 10 јануари 1978 (1978-01-10) (воз. 39 г.)
Битола, СР Македонија
Партија ВМРО-ДПМНЕ
Занимање политичар
Вероисповед православен христијанин

Иво Ивановски (10 јануари 1978 во Битола) — министер за информатичко општество и администрација во периодот 2008–2015.

Образование[уреди | уреди извор]

Основното образование го завршува во ОУ „Коле Канински“ - Битола. Во 2001 година дипломирал во областа на информатиката и информатичкото инженерство на државниот универзитет „Охајо Стејт“ во градот Колумбус, Охајо (САД). Своето образование го продолжил на универзитетот „Френклин“, каде се здоби со магистерска диплома во областа на информатика во 2003 година.

Работно искуство[уреди | уреди извор]

Својата кариера Ивановски ја започнал во 1997 година како специјалист за техничка поддршка на компјутерска опрема. Подоцна беше унапреден за ИТ менаџер на секторот за развој и одржување на компјутерската технологија. Неговите одговорности како ИТ менаџер беа да ги пронаоѓа најдобрите бизнис вредности на инвестирањето во информатичката технологија, да раководи со буџетот за информатичка технологија, да ги усогласува инвестициите со бизнис стратегијата на компанијата, да обезбеди високо ниво на услуги и да ги подобри целокупните оперативни способности на компанијата.

Пред да биде именуван за Министер за информатичко општество, тој беше менаџер на ИТ секторот во компанијата „Plaskolite Incorporated“, еден од најголемите приватни производители на плексиглас во светот.

На 21 декември 2006 година, м-р Иво Ивановски беше именуван од Премиерот на Република Македонија и избран од Собранието на Република Македонија како министер без ресор задолжен за развој на информатичкото општество. На 1 август 2008, по втор пат беше избран за Министер за информатичко општество. Одлично говори англиски, српски и хрватски.

Други функции[уреди | уреди извор]

Како претседател и како член се јавува на повеќе комисии и тоа:

  • Претседател на Второстепена комисија за премер и катастар (Јан. 2007 - Јуни 2010),
  • Член на Комисијата за Човечки ресурси (Јан. 2007 - денес)
  • Член на Комисиајта за политички системи (Јан. 2007 - денес)
  • Член на Комисиајта за политички прашања (Август 2008-денес)
  • Претседател на Национален совет за информатичко општество (Март 2009- денес)
  • Претседател на Управен одбор за Националното интегрирано гранично управување ( Април 2009 - денес)
  • Член на Управниот одбор на директори на Глобалната Алијанса за Развој на ИТ од Обединетите Нации (Април 2009 – денес)
  • Член на советодавното тело на ICANN Corp.( Интернетската Корпорација за Доделени Имиња и Броеви) (Септември 2009 – денес)
  • Комесар во Комисијата за Широкопојасен интернет, дигитален развој на Интернационална Телекомуникациска Унија (Јуни 2010 – денес)
Политички функции
Претходник
нова функција
Министер за информатичко општество и администрација
2008–2015
Наследник
Марта Арсовска-Томовска