Метрополска линија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Метрополска
Metropolitan line flag box.svg
Боја на карта Темновиолетова
Отворена 1863
Тип потповршинска
Возови A и S
Станици 34
Должина 66,7 км
Депоа Низден[1]
Извозено 58 милиони (2002) (годишно)

Метрополската линија или „Метрополитен“ (англ. Metropolitan line) е дел од лондонското метро, по боја виолетова на метро-картата. Ова била првата подземна железница во светот, пуштена во употреба на 10 јануари, 1863 (но делови од првобитната линија веќе не спаѓаат во Метрополската, туку во Хамерсмит и Сити, Дистрикт и Кружната линија). Главната линија оди од Олдгејт во Сити до Амершам, со ограноци до Аксбирџ, Вотфорд и Чешам. Во цвојот првичен дел линијата оди воглавно под земја; по Бејкер Стрит, кај Финчли Роуд таа продолжува на отворено.

Четворошинската расположба на дел од линијата — помеѓу Вембли Парк и Мур Парк — дава можност за експресен сообраќај до периферни населби. Бејкер Стрит е последна станица за многу возови, но други го завршуваат патот во Сити и до Олдгејт.

Историја[уреди]

Почетоците на Метрополската линија лежат во воспоставувањто на Северната Метрополска Желеница (North Metropolitan Railway) во 1853, првичното име на Метрополската Железница, овластена со Метрополската реонска железница да сочинат Внатрешен круг на железници во Лондон. Првиот дел одел од Падингтон до Фарингдон Стрит (денес Фарингдонска станица) во јануари 1863; работата на железницата започнала од февруари 1860 со тунилерање по метод на прокопување и покривање. Ова создало огромен сообраќаен метеж во Лондон: за време на работата локалната канализација пукнала, поплавувајќи го тунелот.

Друга голема промена се случила во 1988, кога Хамерсмит и Сити и Источнолондонската линија — кои веќе биле добро дефинирани со своите засебности — биле одделени од Метрополската линија за засебен сообраќај. Сега Метрополската линија се состои од нејзиното северен дел од Бејкер Стрит, натаму. Метрополската и Источнолондонската линија користат едни исти возови и се физички поврзани, но немаат размена на патници.

Во 1998, Метрополската линија била делумно приватизирана во конроверзно јавно-приватно партнерство. Денес е дел од групацијата „Sub-Surface Railways“, управувана од Метронет конзорциумот заедно со Метрополска линија Кружна, Хамерсмит & Сити и Дистрикт.

Метрополската линија изврпила огромно влијание на подземните железници ширум светот. Париското метро по својот полн назив Chemin de fer métropolitain е именувано по Метрополската линија. Ова е воедно и потеклото на самиот збор метро.

Возови[уреди]

Возот лево е од класата на метро-возови А на Метрополската линија, а помалиот воз е од класата на метро-возови 1973 на линијата Пикадили

Моменталните шински возила во употреба на Метрополската линија се метро-возови А изработени од Крејвенс во Шефилд, кои оваа линија ги дели со Источнолондонската линија. Сообраќајот на Метрполската линија обично се одвива во единици од четири вагона во парови, правејќи вкупно осум вагони, но Чешамскиот шатл и Источнолондонската линија ги опслужуваат возови од четири вагона. Метро-возовите А биле направени во 1960-тите и сега се најстарите возови на лондонското метро.

Од поскоро време сообраќа и воз од новата класа метро-возови S.

Од поскоро време сообраќа и воз од новата класа S.


Карта[уреди]

Географски план на Метрополската линија

Станици[уреди]

од исток кон запад

Заеднички на линиите Кружна и Хамерсмит и Сити[уреди]

Главнина[уреди]

Метрополската се двои од Кружната/Хамерсмит и Сити веднаш источно од станицата Бејкер Стрит, каде линиите користат засебни перони, под агол од околу 45 степени од пероните на Кружната/Хамерсмит & Сити линијата.

Кај Вембли Парк, Метрополските шини се делад од две на четири, со побрзите линии на надворешноста. Брзите (до Амершам) и полубрзите возови (до Вотфорд) не застануваат на Престон Роуд или Нортвик Парк. Во шпицот го прескокнуваат и Вембли Парк.

Кај Хароу линијата се дели на два огранока — главната линија до Нортвуд и гранката за Аксбриџ.

Аксбричка гранка[уреди]

(продолжува од Хароу на Рид)

Нортвудска гранка[уреди]

(продолжува од Хароу на Рид)

По Хароу-на-Брдо линиите се редат во два паралелни пара, бавниот (северен пар) и брзиот. Брзите линии се користат заеднички со линијата на Националната Железница до Ејлсбури (оперирани од Чилтернски Железници) кои до тука одат паралелно. Станиците помеѓу Хароу-на-Брдо и Мур Парк (ексклузивно) имаат перони само на бавните линии, и на нив можат да застануваат само бавни и полубрзи возови, кои обично одат до Вотфорд. Кај Мур Парк линијата се дели, со тоа што брзата линија до Амершам станува главна, а бавната оди за Вотфорд.

Вотфордска гранка[уреди]

(продолжувајќи од Мур Парк - каде постои и тријаголен дел, по кој одат возови од Вотфорд до Рикмансворт рано наутро и доцна навечер).

Кон Амершам[уреди]

(продолжувајќи од Мур Парк)

Станиците помеѓу Рикмансворт и Амершам се опслужувани и од највеќето Чилтернови возови до Ејлсбури.

тука возовите или продолжуваат кон Амершам или, во шпицот, продолжуваат право за Чешам. Во сето друго време има шатл помеѓу Чалфонт & Латимер и Чешам, каде мора да се сменат возови за Амершам. Овој воз доаѓа на околу секои 30 минути.

или

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]