Лондон (англиски: London) — главен град на Англија и на Обединетото Кралство, а според некои пресметки, воедно е и најголемиот град во Обединетото Кралство и најголемата урбанизирана зона во Европска Унија. Се наоѓа на реката Темза на подрачје каде постојат неселби веќе два милениуми. Историјата на Лондон почнува уште од времето на Римското Царство кога се смета дека бил основан од страна на Римјаните кои го нарекле Лондиниум.[3] Античкото јадро на Лондон во голема мера ги има задржано своите граници. Од периодот на 19. век, името Лондон започнало да се однесува и на делот од градот кој се развивал околу јадрото.[4]
Лондон е еден од водечките глобални градови, со развиена уметност, трговија, образование, забава, мода, финансии, здравство, медиуми, професионални услуги, истражување и развој, туризам и транспортот кои придонесуваат за неговата важност.[5]
„Лондон гори“ (London's Burning) - песна на британската панк-рок група „Клеш“ (Clash) од 1977 година.[12]
„Лондон повикува“ (London Calling) - песна и албум на британската панк-рок група „Клеш“ од 1979 година.[13]
„Пиштолите од Брикстон“ (The Guns Of Brixton) - песна на англиската рок-група „Клеш“ (The Clash) од 1979 година.[14]
„(Не сакам да одам во) Челси“ ((I Don't Want To Go To) Chelsea) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1978 година.[15]
„Мрачните улици на Лондон“ (Dark Streets of London) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1984 година.[16]
„Пикадили“ (Piccadilly) - песна на британската рок-група „Сквиз“ (Squeeze) од 1981 година.[17]
„Лондон“ (London) - песна на британската група „Смитс“ (Smiths) од 1987 година.[18]
„Џефри оди на плоштадот Лестер“ (англиски: Jeffrey Goes To Leicester Square) - песна на британската рок-група „Џетро тал“ (Jethro Tull) од 1969 година.[19]