Прејди на содржината

Метро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Њујоршкото метро

Метро (множина: метроа; скратено од метрополитен), познато и како подземна железницаградски, приградски, метрополски или комбинација од нив, брз јавен железнички превоз, честопати целосно или делумно патува под земја. Метрото застанува на метростаниците во населени места, како и во близина на важни превозни центри, знаменитости и други места. Линиите на метрото и нивните посебни делови можат да бидат под земја (тунели), наземни и надземни (мостови и надвозници). Вкупната должина на линиите се менува во различни градови и може да достигне 2 — 3 км до 1300 км (во Њујорк).[1]

Етимологија

[уреди | уреди извор]

Првата линија на метрото во Париз била отворена во 1900 г. под името Chemin de fer Métropolitain — Велеградска железница (велеград = метропола, метрополија, голем град; грчки: mĕtró-pólis — „мајчин град“, „главен град“, „престолнина“). Ова име набрзо било скратено на „метро“ и било усвоено во многу земји во светот за подземни железници.[2]

  1. What is a metro? A subway? An underground?
  2. „metro | Etymology, origin and meaning of metro by etymonline“. www.etymonline.com (англиски). Посетено на 2023-04-11.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]