Прејди на содржината

Државник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Државникполитичар или друг државен деец со долга и ценета кариера во внатрешната и надворешната политика на една земја.

Државништвото како поим исто така означува и квалитет на раководство и водство, кое органски ги обединува луѓето, а означува и старешинство, во смисла на грижа за другите луѓе и за општото добро.

„Политичар“ е било кој избран функционер, но само малку од нив успеваат постојано да дејствуваат како непристрасни поборници за општото добро и интегритет. Така, постојат големи разлики помеѓу поимите „политичар“ и „државник“.

Поимот „државник“ се применува и општо за шеф на држава, виш политички работник, или пак некој кој во даден момент покажува извесни „државнички“ квалитети.

Ото фон Бизмарк, германскиот државник кој ја обединил германската држава, во 1890 г.
  • Аристотел — „Државникот е најзаинтересиран да создаде морален карактер кај неговите граѓани, имено наклонетост кон доблест и извршување на доблесни дела.“
  • Хари Труман — „Политичар е човек кој се разбира од управување. Државник е политичар починат пред најмалку 15 години.“
  • Хенри Кисинџер — „Должноста на државникот е да го премости јазот помеѓу доживувањето и визионерството.“
  • Милтон Фридман — „Нечиј опортунизам е нечие државништво.“
  • Ото фон Бизмарк — „Дури и победоносната војна за мене е зло, од кое државништвото мора да се труди да ги поштеди народите.“
  • Винстон Черчил — „Политичарот мисли на следните избори, а државникот мисли на следните генерации.“