Џеф Бек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џеф Бек
Џеф Бек во Мелбурн, Австралија
26 јануари, 2009
Биографски податоци
Родено имеЏофри Арнолд Бек
Роден(а)24 јуни 1944
Валингтон, Англија, ОК
ЖанровиБлуз рок, џез фузија, инструментален рок, хард-рок, електроника, прогресивен рок
ЗанимањаМузичар, текстописец, глумец
ИнструментиПеење, гитара, бас гитара, контрабас
Период на активност1964-денес
Издавачи„EMI“, „Epic Records“
СоработнициThe Yardbirds“, „The Jeff Beck Group“, „The Honeydrippers“, „Beck, Bogert & Appice“, Стиви Реј Вон, „Big Town Playboys“, „Upp“, Ерик Клептон, Сузи Кватро, Даф Мекејген, Тал Вилкенфилд
Мреж. местоjeffbeck.com
Значајни инструменти
Фендер стратокастер со потпис на Џеф Бек
Гибсон Лес Пол

Џофри Арнолд „Џеф“ Бек (роден на 24 јуни, 1944) е англиски рок гитарист. Тој е еден од трите познати гитаристи кои свиреле во „The Yardbirds“, заедно со Ерик Клептон и Џими Пејџ. Бек ги формирал бендовите „The Jeff Beck Group“ и „Beck, Bogert & Appice“.

Најголемиот дел од издадените снимки на Бек се инструментални, фокусирајќи се на иновативен звук кој се протега помеѓу жанровите блуз рок, хеви метал, џез фузија, електроника и други. Бек снимил и два хит албуми (во 1975 и 1976) како соло акти, но не успеал да ја задржи славата на високо ниво како неговите соработници од „The Yardbirds“.[1][2] Тој се појавува во албуми на Мик Џегер, Кејт Буш, Роџер Вотерс, Донован, Стиви Вондер, Лес Пол, Зучеро, Синди Лупер, Брајан Меј и „ZZ Top“. Во 1988 снимил кратка сцена во филмот Близнаци.

Во листата „100 најдобри гитаристи на сите времиња“ на магазинот „Роулинг Стоун“ е рангиран на петтата позиција,[3] а магазинот го опишал како „еден од највлијателните водечки гитаристи во рок музиката“.[4] Шест пати освоил греми наградата за најдобра рок инструментална изведба и еднаш греми наградата за најдобра поп инструментална изведба. Во куќата на Славните на Рокенролот бил примен два пати: првиот како член на групата „The Yardbirds“ во 1992 и вториот како соло изведувач во 2005.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The guitarist's player“. Топ тен рок гитаристи. MSNBC. 2008. конс. 14 јули, 2012.  |coauthors= requires |author= (помош)
  2. Ерлвајн, Стивен Томас. „Џеф Бек“. Allmusic. конс. 14 јули, 2012. 
  3. 100-те најдобри гитаристи на сите времиња“, „Роулинг Стоун“, 30 ноември, 2011.
  4. „Биографија на Џеф Бек“. Роулинг Стоун. конс. 26 август, 2011. 
  5. „Биографија на Џеф Бек“. Куќа на славните на Рокенролот, 2009, примања. Куќа на Славните на Рокенролот. 2009. конс. 22 декември, 2011.