Стиви Вондер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стиви Вондер
Стиви Вондер во 1973 година
Биографски податоци
Родено име Стивленд Хардавеј Џадкинс
Роден(а) 13 мај 1950
Сагино, Мичиген, САД
Потекло Детроит, Мичиген
Жанрови соул, поп, R&B, фанк, џез
Занимања Музичар, пејач, текстописец, продуцент, мултиинструменталист
Инструменти Вокал, клавијатура
Период на активност 1961–денес
Издавачи Tamla, Motown
Мреж. место steviewonder.net

Стиви Вондер (роден како Стивленд Хардавеј Џадкинс 13 мај 1950; подоцна го променил своето име во Стивленд Хардавеј Морис англиски: Steveland Hardaway Judkins Morris) — американски текстописец, мултиинструменталист и музички продуцент.[1] Слеп од раѓање, Вондер потпишал договор со Motown records во времетраење од единаесет години.[2] Motown сеуште е негова издавачка куќа. Снимил повеќе од 30. песни кои се нашле меѓу американските „U.S. Top Ten“ хитови и бил награден со 22. Греми награди.

Покрај музиката, Стиви Вондер се ангажирал и во политички активности. Во 1980 година ја водел кампањата за роденденот на Мартин Лутер Кинг да стане државен празник во САД и во 2009 година, кога бил именуван како Гласник на мирот од страна на Обединетите Нации (англиски: United Nations Messenger of Peace).

На листата на 100. најдобри изведувачи на сите времиња (англиски: Hot 100 All-Time Top Artists) која што музичкиот магазин Билборд („Billboard“) ја објавил по повод 50 години од постоењето на американските ранг листи на синглови („US singles charts“), Стиви Вондер се нашол на 5. место.

Дискографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Perone, James E. (2006). The Sound of Stevie Wonder: His Words and Music. Westport, CT: Greenwood Publishing. ISBN 978-0-275-98723-7. Pg. xi–xii
  2. Stevie Wonder: Blind faith“, The Independent, 12. 7. 2008 (конс. 10. 11. 2008 г).