13 мај
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Предлошка:Мај 2021 13 мај — 133-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (134-и во престапна година). Остануваат 232 денови до крајот на годината.
Настани:
1871 | Во Италија е донесен закон со кој на Светата Столица ѝ се дозволува да има седиште во Ватикан. |
1901 | Македонскиот драматург Војдан Чернодрински ја основа првата македонска театарска група „Скрб и утеха“. |
1961 | Преку ТВ Белград е емитувана првата телевизиска емисија од Студио Скопје, наречена „Балкански концерт“ која ја изведоа првенците на Балетот при македонскиот народен театар, Елпида Пакоска и Јован Пашти. |
1981 | Атентат врз папата Јован Павле II во Рим. Папата го преживеа атентатот. |
1990 | Крвава пресметка меѓу навивачите на загребски Динамо и белградска Црвена Звезда на стадионот Максимир во Загреб. |
2001 | Формирана е Владата на широката коалиција, во која учествуваат најзначајните политички субјекти ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА и ПДП со премиер Љубчо Георгиевски. |
Родени:
1655 | Инокентиј XIII — римски папа. |
1792 | Пиј IX — римски папа. |
1795 | Павел Јозеф Шафарик — словачки и чешки филолог и етнограф. |
1840 | Алфонс Доде — француски писател. |
1842 | Артур Саливен — британски композитор и диригент. |
1851 | Лаза Лазаревиќ — српски писател. |
1862 | Јанко Веселиновиќ — српски писател. |
1881 | Лима Барето — бразилски писател. |
1882 | Жорж Брак — француски сликар. |
1883 | Јоргос Папаниколау — грчки цитопатолог, творец на т.н. ПАП-тест. |
1912 | Гил Еванс — канадски џез-пијанист и аранжер. |
1914 | Џо Луис — американски боксер, светски шампион во тешка категорија од 1939 до 1949 година. |
1934 | Алексо Лозановски — македонски поет и раскажувач. |
1939 | Харви Кајтел — американски глумец. |
1941 | Ричи Валенс — американски пејач. |
1950 | Стиви Вондер — американски музичар. |
1961 | Денис Родман — американски кошаркар. |
1965 | Предраг Спасиќ — српски и југословенски фудбалер. |
1973 | Мери Николова — македонски поет. |
1973 | Гордана Вренцоска — македонски графички и моден дизајнер. |
1981 | Давид Лопез — шпански велосипедист. |
1982 | Огучи Ониеву — американски фудбалер. |
1983 | Јаја Туре — фудбалер од Брегот на слоновата коска. |
1983 | Џони Хогерланд — холандски велосипедист. |
1986 | Александар Рибак — норвешки пејач. |
1986 | Зимон Гешке — германски велосипедист. |
1991 | Франсис Коклан — француски фудбалер. |
1993 | Ромелу Лукаку — белгиски фудбалер. |
1993 | Штефан Крафт — австриски скокач со скии. |
Починале:
1878 | Џозеф Хенри — американски физичар. |
1956 | Александар Фадеев — руски и советски писател. |
1988 | Чет Бејкер — американски џез-трубач. |
1961 | Гари Купер — американски глумец. |
2004 | Паскал Паскалевски — македонски поет и драмски писател. |
2009 | Рафаел Ескалона — колумбиски композитор. |
2011 | Тихомир Јовановски — македонски економист и универзитетски професор. |
2013 | Иво Лауренчиќ — македонски маркетиншки експерт и стопанственик. |
2019 | Дорис Деј — американска глумица и пејачка. |