Драмска уметност

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Драматург)
Прејди на: содржини, барај

Драмска уметност — гранка на сценските уметности што се занимава со изведба на приказни во театар пред публика комбинирајќи инструменти како говор, гест, музика, звук и спектакл. Во продолжение на стандардниот наративен дијалог, театарот завзима такви форми како опера, балет, пантомима, кабуки, класични индиски танци и кинеска опера.

Театарски жанрови[уреди | уреди извор]

Постојат повеќе жанрови што писателите, продуцентите и режисерите можат да ги искористат за да одговорат на различните вкусови. Ова е нецелосна и ексклузивно евроцентрична листа:

„Музички театар“ е театарски жанр во кој главните средства за изведба се пеењето и музиката.

„Фарса“ е комично драмско дело што се користи со многу неверојатни ситуации, стеретипни ликови, екстравагантно претерување и агресивна физичка глума.

„Комедија“ доаѓа од грчкиот збор „комос“ што значи „прослава“. Не мора да значи дека драмата е смешно, но таа се фокусира на проблем што води кон одредена форма на катастрофа која на крајот се разрешува со среќен крај.

„Мелодрама“ е, оригинално, сентиментална драма со музичка подлога. Често приказната е нверојатно и се фокусира на патењето на доброто под рацете на злото, но завршува среќно со победа на доброто. Содржи стандардни ликови како благородниот херој, хероината што патела долго време и ладнокрвниот негативец.

„Трагедија“ е драма што преку сериозен и достоинствен стил ги прикжаува ташните или страшните настани што му се случуваат на или се предизвикани од главниот херој.

„Монолог“ е обично било кој говор од подолго траење што еден лик му го упатува на друг, но како форма на драма, тој подразбира лик што директно и се обраќа на публиката или искажува своите мисли гласно додека е сам или додека другите актери се тивки.

„Театар на абсурдот“ е поим составен од Мартин Еслин и претставува театар во кој ликовите се дел од абсурдни, бесмислени активности. Поврзан со егзистенцијализмот.

Теорија на драмската уметност[уреди | уреди извор]

Во својот романПортрет на уметникот во младоста“, ирскиот писател Џејмс Џојс ја дели уметноста на три облици што произлегуваат еден од друг: лирски облик во кој уметникот ја дава својата слика во непосреден однос кон себеси; епски облик во кој ја дава својата слика во посреден однос кон себеси и кон другите; и драмски облик во кој ја дава својата слика во непосреден однос кон другите. Притоа, драмскиот облик се достигнува кога животната сила ја исполнува личноста толку многу што таа поприма посебен и недофатлив естетски живот. Тогаш, личноста на уметникот престанува да постои и станува безлична. Естестката претстава во драмскиот облик е животот пречистен во човечката фантазија повторно проектиран од неа. Тогаш, уметникот, како Бога, останува во своето дело или покрај или зад или над него, невидлив и облагороден толку многу што повеќе не постои.[1]

Театарот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Театарот се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Džems Džojs, Portret umetnika u mladosti. Beograd: Rad, 1964, стр. 223-224.
  2. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 93-94.
  3. Иван Шопов, Азбука и залутани записи, Темплум, Скопје, 2010.
  4. Михаил Булгаков, Театарски роман. Скопје: Бегемот, 2013.