Музика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Музика
Music lesson Staatliche Antikensammlungen 2421.jpg
Слика од античките Грци која прикажува музичка лекција (ca. 510 BC).
Медиум Звук
Култура Разни
Ера Палеолит

Музиката е уметност која се состои од звуци и тишина искажани преку временска единица. Елементи на звукот кои се користат во музиката се интензитетот ( вбројува мелодија и хармонија), ритам (вбројува такт и темпо), и вокални квалитети, како што се артикулација, динамика и текстура.

Употребата на музиката, во нејзиното создавање, изведба, значение па и во нејзината дефиниција, варира во зависност од социјалниот и културниот контекст. Таа варира од строго организирани композиции и перформанси до импровизација. За потребите на класификацијата таа е поделена во категории односно родови.

Музиката се користи за многу цели како на пример: Комуникација, религија, академско проучување, естетски форми, забава итн.

Историја на музиката[уреди | уреди извор]

Музиката му претходи на пишаниот збор и е тесно поврзана со уникатноста на човековата култура. Развојот на музиката помеѓу луѓето се случува наспроти позадината на природните звуци како што се песните на птиците и звуците на другите животни. Преисториската музика, или примитивната музика е поим кој се дава на сите музички форми кои настанале пред писменоста на културите.

Античка музика[уреди | уреди извор]

Најраните записи на музичко изразување се наоѓаат во Сама Веда во Индија. Индиската музика е една од најстарите музички традиции во светот, а класичната музика (марга) може да се најде во сктриптите на Хиндуистичката традиција односно во Ведите. Кинеската традиционална музика е стара повеќе од 3.000 години. Музиката била и важен дел од општествениот живот во Античка Грција. кадешто таа се користела за прослави, забави и во религиозни церемонии. Најпрославени биле полово мешаните хорови. Музиката била и дел од основното образование на децата на Античките Грци.

Средновековна и Ренесансна музика[уреди | уреди извор]

Музичкиот живот недвосмислено го достигнал својот пик во средновековната ера, како што сведочат безброј пишани и уметнички дела кои се зачувани до ден денешен. Најпозната форма од овој период е литургиската музика на Римската Католичка Црква. Голем број на школи за изучување на овој тип на музика постоеле во перодот по 1100 година. Напоредно со школите за овој тип на музика, постоела и жива традиција на секуларна песна која ја развивале трубадурите и веселниците.

Поголем дел од музиката која преживеала од 14 век во Европа е секуларна. До средината на 15 век, композиторите и пеачите, користеле блага полифонија за религиозните музички композиции, како што е на пример миса или лауда. Од секуларните форми застапени се шансоните и мадригалот. Измислувањето на машината на печатење имала огромно влијание врз разновидноста и разликувањето на музичките стилови.

Барокна музика[уреди | уреди извор]

Првите опери се напишани околу 1600 година со подигањето на музичките композиции кои го дефинираат крајот на Ренесансата и почетокот на Барокната ера која трае до 1750 година. Германските баркони композитори пишувале кратки дела кои се изведувале најчесто на жичани и дрвени инструменти, хорови, оргули, клавикорди итн. За време на оваа ера неколку главни музички форми се дефинирани кои понатаму продолжуваат да се развиваат, како што се например Сонатата и Кончертото.

Класична музика[уреди | уреди извор]

Музиката од овој период се карактеризира со хомофонична текстура, овие нови форми тежат кон пеењето. Новите популарни инструменти доминираат во музичките форми, а на сонатата и кончертото му се приклучува и симфонијата. Волфганг Амадеус Моцарт како еден од најпознатите претставници е на овој период.

Романтична музика[уреди | уреди извор]

Гоце Делчев се смета како транзицион композитор кои водат во периодот на Романтизмот. Во Романтичниот период музиката станува емотивна и повеќе експресивна, опфаќајќи ја за прв пат и литературата и останаите форми на уметност и филозофијата. Композиторите од доцниот романтичен период, создаваат комплекси и долги дела, комбинираат разни стилови и форми, и воопшто ја прават музичката форма многу комплексна.

Импресионистичка музика[уреди | уреди извор]

Импресионизмот е движење во Европската класична музика кое почнува во доцниот 19 век и продолжува се до средината на 20 век. Музичарите во овој период се фокусираат на сугестијата и атмосферата отколку на емоцијата и следење на нарацијата. Тие почитуваат кратмки форми како што е Ноктурното и арабеската. Музичкиот импресионизам е базиран во франција со нивните типични претставници Равел и Де Биси.

Музиката во 20 век[уреди | уреди извор]

Музиката доживува револуција во 20 век. Со пронаоѓањето на радиото, таа добива на широка популарност, а се развиле нови технологии за снимање и репродукција. Во 20 век, таа се карактеризира со нова слобода, широко експериментирање и нови музички стилови и правци. По Втората светска војна, напрвин дошло до подем и воопштување на додекафонската техника, а потоа се појавиле електронската музика и алеаторичната музика која се темели на импровизациата, т.е. на самиот изведувач на музичкото дело му се препушта да го избере редоследот на исполнување на деловите од музичкото дело. На тој начин, настанале музички дела составени од меѓусебно заменливи делови, кои дури може и да се елиминираат, според желбата на изведувачот на делото кој така станал коавтор на делото. На пример, композиторот Кагел создал дела во кои на изведувачот му дозволуваат пауза во траење од две минути во кои тој може да свири нешто што нему му се допаѓа или воопшто да не свири. Слично на тоа, за време на една изведба на „независните музички движења“ на Штокхаузен, изведувањето на делото вклучувало фрлање зеленчук во публиката и капење на пијанистот во поцинкувана када. Како чекор понатаму, во чинот на композицијата Кагел ја вклучил и мимиката. Имено, тој создал дело во кое од изведувачите барал да не ги допираат инструментите и да не произведуваат никаков звук, туку само да прават гестови како навистина да свират.[1]

Големата новина што ја донесла електронската музика се состола во тоа што потполно била исклучена личноста на изведувачот на музиката, зашто на музичката лента засекогаш бил фиксиран оригиналот на музичкото дело. Исто така, електронската музика предизвикала големи промени и во однос на создавањето на музиката, бидејќи овозможила да компонираат и лица кои никогаш немале формално музичко образование.[2] Понатаму, во музиката за мали состави биле воведени механички извори на звук (шишиња, удирање по предмети, крикови снимени на лента, итн.), а претходник на таа постапка бил американскиот композитор Џон Кејџ. Паралелно со тоа настанале промени во музичката графија, зашто современите композитори повеќе не морале да го користат класичниот нотен запис, туку партитурите станале пикрографски, т.е. составени со помош на симболи, стрелки, цртички, криптограми итн. Со тоа, читањето на музичките партитури станале невозможно без советот на самиот композитор.[3]

Елементи на музиката[уреди | уреди извор]

Според Џил Дорфлес, музичката уметност се состои од четири структурални елементи:[4]

  • мелодија
  • хармонија
  • контрапункт
  • ритам

Теорија на музиката[уреди | уреди извор]

Во есејот „Бегство од времето“ од 1958 година, италијанскиот писател Еуџенио Монтале смета дека музиката, за која би се рекло дека е најмалку материјална од сите видови уметности, со текот на времето станала најгломазна, најматеријална од сите начини на уметничкото изразување. Тоа произлегува оттаму што музичките дела живеат во времето единствено низ нивното физичко изразување, кое бара концертни сали, инструменталисти, пејачи, режисери, сценографи и различен помошен персонал.[5]

Германскиот композитор на електронска музика, Штокхаузен смета дека музиката не треба да го надживее, туку да го преживее својот творец, т.е. идните генерации треба да создадат сопствена музика, а не да го пополнуваат своето време првенствено со стара музика.[6]

Современата музика целосно го менува прашањето на нејзиното оценување. Во тој поглед, филозофот Армандо Плебе смета дека кај музиката е можно да се прави само техничко-акустично оценување, додека секоја друга оцена би била дрскост. На тој начин, од интерес на критиката би бил само развојот на разни музички граматики.

Музиката како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Музиката се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Музиката како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Музиката како тема во популарната музика[уреди | уреди извор]

  • „Поинаква музика во различна кујна“ (Another music in a different kitchen) - песна на англиската панк-група „Базкокс“ (Buzzcocks) од 1978 година.[9]
  • „Музичка сцена“ (Music Scene) - песна на британската рок-група „Фол“ (The Fall) од 1979 година.[10]
  • „Страв од музиката“ (Fear of Music) - песна на американската рок-група „Токинг хедс“ (Talking Heads) од 1979 година.[11]
  • „Мразам музика“ (I Hate Music) - песна на американската рок-група „Риплејсментс“ (The Replacements) од 1981 година.[12]
  • „Пушти малку музика“ (Turn some music) - песна на американскиот пејач Марвин Геј (Marvin Gaye) од 1982 година.[13]
  • „Звукот на музиката“ (Sound of music) - албум на британската панк-рок група „Адиктс“ (The Adicts) од 1982 година.[14]

Видете исто[уреди | уреди извор]

Список на музичари

Портал „Музика

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

  • Colles, Henry Cope (1978). The Growth of Music : A Study in Musical History, 4th ed., London ; New York : Oxford University Press. ISBN 0-19-316116-8 (1913 edition online at Google Books)
  • Harwood, Dane (1976). "Universals in Music: A Perspective from Cognitive Psychology," Ethnomusicology 20, no. 3:521–33.
  • Small, Christopher (1977). Music, Society, Education. John Calder Publishers, London. ISBN 0-7145-3614-8

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


  1. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 144-145.
  2. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 115 и 142-143.
  3. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 144-145.
  4. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 146-147.
  5. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 111-112.
  6. Euđenio Montale, Leptir iz Dinara i ostali prozni spisi. Beograd: Rad, 1979, стр. 145.
  7. Рајнер Марија Рилке, Искуство тишине. Београд: Paideia, 2014, стр. 33.
  8. Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 8-9.
  9. YouTube, Buzzcocks Another Music in a Different Kitchen (1978) (пристапено на 8.2.2017)
  10. YouTube, The Fall - Live At The Witch Trials (1979) † (full album) (пристапено на 29.6.2017)
  11. YouTube, Talking Heads - Fear of Music (пристапено на 15.1.2017)
  12. YouTube, The Replacements - Sorry Ma, Forgot To Take...1981 (Full Album 2002)US (пристапено на 12.6.2017)
  13. YouTube, Turn On Some Music ✧ Marvin Gaye (пристапено на 30.6.2017)
  14. YouTube, The Adicts - Sounds of music (Full album) (пристапено на 28.12.2016)