Валкира (опера)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сликовит приказ на Чин 1 од Валкира.

Валкира е втората опера во тетралогијата на епските оперски дела во Прстенот на Нибелунг на германскиот композитор Рихард Вагнер. Другите три опери се Рајнско злато, Зигфрид и Самрак на боговите. Премиерата била изведена на 26 јуни 1870 година во Националниот театар во Минхен.

Од сите четири музички драми, Валкира се смета за музички најбогата. 

Лица[уреди | уреди извор]

Смртници

  • Зигмунд, Велзунг – тенор;
  • Зиглинда, сестра на Зигмунд – сопран;
  • Худлинг, сопруг на Зиглинда – бас;

Богови

  • Вотан, врховен бог - бас-бариотн;
  • Фрика, сопруга на Вотан, божица на бракот - мецосопран или сопран;

Валкире

  • Брунхилда – сопран;
  • Герхилда – сопран;
  • Ортлинда – сопран;
  • Валтраута – мецосопран;
  • Швертлајта – контраалт;
  • Халмвига – сопран;
  • Зигруна – мецосопран;
  • Гримгерда – мецосопран;
  • Росвајса – мецосопран;

Синопис[уреди | уреди извор]

Прв чин[уреди | уреди извор]

Куќата на Хундиг, во која се наоѓазабоденмеч во дрво.По познатиот мотив на ноќ со олуја, Зигмунд влегува исцрпен. Зиглинда исплашена го поздравува, несреќната жена на Хундиг, и му посакува закрепнување. Хундиг не е во куќата. Зигмунд и кажува на Зиглиндакако го гонат непријателите.

Штом ја допива напивката во чашата тој посакува да си замине, тврдејќи дека им носи несреќа на другите луѓе. Зиглинда го прекиниува кажувајки дека неможе да унесреќи веќе унесреќена куќа.

Доаѓа Хундиг кој не сака да го угости Зигмунд, но како домаќин тој е приморан, и дозволува Зигмунд да преноќи во неговата куќа. Тој приметува некаква поврзаност помеѓу својата жена и Зигмунд додека таа врши притисок врз Зигмунд да раскаже што му се случило.

Тој им раскажал како еден ден кога се вратил со таткому дома, куќата била запалена, мајка му убиена, а неговата сестра близначка била киднапирана. По таа случка тој некој период лутал со својот татко се додека еден ден не се разделиле. Потоа налетал на девојка која нејзиното семејство сакало да ја омажи без нејзина согласност па почнал да се бори против нив, што го довело до ситуација да го нападне цела топа. И така, бегајќи од нив налетал на куќата на Хундинг. Тој не им го открил своито име, се претставил само како Тажен.

По некое време се дознава дека Хундиг всушност е еден од оние кои го нападнале Зигмунд, па бесно го предизвикал на двобој следното утро. Му дозволил да преноќи бидејки ветил дека ке му дозволи да остане во неговиот дом таа вечер, но за возврат следното утро да падне крв. Потоа заминува со својата исплашена жена.

Зигмунд останува сам и жали за својата судбина, и се секјава како неговиот татко предвидувал дека ке пронајде меч кога ке му е најпотребен.

Зиглинда се враќа,откако му да напиток на Хулдинг кој ке му помогне да заспие поцврсто. Зиглинда му раскажува како тој меч стигнал во тоа дрво, како е во брак против своја волја. На денот на нивното венчавање, помеѓу гостите се појавил некој чуден странец и забил меч во стеблото. Тој меч не можел да го извлече ни Хиндиг, ниту било кој од неговите пријатели. Таа изразила длабока желба да пристигне јунак кој ке успее да го извади мечот и ке ја спаси. Зигмунд ја изјавува својата љубов кон Зиглинда, но таа во тој момент се сеќава на неговиот глас и сфаќа дека тие двајца се всушност брат и сестра близнаци, кои биле раздвоени како деца. Кога го дознала дека името на неговиот татко е Велзе, кажала како тој меч е оставен на него.

Заглинда го носи до местото, а тој лесно го вади мечот од стеблото. Зигмундскиот меч го нарекол Нетунг, и двајцата полетале од куќата на Хундинг.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]