Прејди на содржината

Бранислав Николов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранислав Николов

Бранислав Николов, познат и како Пијан Славеј (1971, Битола) — македонски музичар (член на групата Фолтин) и писател.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Бранислав Николов е роден во 1971 година во Битола. Средното образование го завршил во училиштетоЈосип Броз Тито“, а студирал француски јазик и француска книжевност на Филолошкиот факултетБлаже Конески“ во Скопје.[1]

Музичка кариера

[уреди | уреди извор]
Бранислав Николов на концерт во Јавна соба, Скопје, 2.3.2024

Николов е автор и пејач во групата Фолтин. Компонирал музика за театар и повеќе филмови, како: „Cash and Marry“ „Исцелител“, „Honeyland“ [2] итн. На 14 февруари 2018 година, Николов настапил на концертот „Murder Ballads“ во Скопје, заедно со Македонската филхармонија.[1]

Книжевно творештво

[уреди | уреди извор]

Покрај со музика, Николов се занимава и со пишување. Во 2018 година ја објавил поетската збирка „Креветизам и хоризонтала“, а две години подоцна и стихозбирката „Срчки“.[3] Во 2022 година бил застапен во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ со три творби („Al Pacino before and after the john“, „Славејо на доктор“ и „Музика во аптеки (сон)“).[4]

  1. 1,0 1,1 Македонска филхармонија, Murder Ballads. Скопје, 2018.
  2. „Honeyland (2019 film) - Wikipedia“. en.m.wikipedia.org (англиски). Посетено на 2020-01-19.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 361.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 203-206.