Клавикорд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клавикорд
Скица и делови на клавиркорд : (A/B) дирке; (1A/1B) тангенти; (2A/2B) лост на дирки; (3) жици; (4) резонантно дно; (5) мост; (6) придушувач

Клавикорд е жичен музички инструмент со клавијатура, настнал во Европа. Бил во употреба од доцна ренесанса, преку барок, до класицизам. Еден е од претходниците на современиот клавир. Во минатото најмногу е користен како инструмент за вежбање и како помош при компонирање. Клавикордот произведува звук така што металните нити (тангенти) ударааат во месингани или челични жици. Инструментот го добил името по латинскиот збор клавис или клавус (clavis-clavus, клуч-шајка), и грчкиот збор хорда во значење жица.

Клавикордот е измислен во почетокот на 14 век. Бил многу популарен од 16 до 18 век, главно во германските земји, Скандинавија и Пиринејски Полуостров. Голем поборник на овој инструмент бил е Карл Филип Емануел Бах. До 1850 музичарите престанале да користат клавикорд. Денес на клавикорд свират музичари заинтересирани за стара музика, особено за музика во барок. Клавикорд повремено се појавува како инструмент во современата рок музика.