Јонче Христовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јонче Христовски
Jonce.jpg
Роден 1931
Битола, Македонија
Починал 15 април 2000
Скопје, Македонија
Националност Македонец

Јонче Христовски (Битола, 1931[1] - Скопје, 15 април 2000) — истакнат македонски пејач, текстописец и композитор на песни во народен дух, исклучително популарен естраден уметник[2], кој славата на македонскиот мелос ја пронесувал низ целиот свет. Создал сопствен интерпретативен стил, препознатлив и комуникативен со публиката. Најзапаметени меѓу народот ќе останат неговите сценски настапи со фрлање на палтото на земја, бакнување на земјата и боемскиот мераклиски начин на живот отсликан во неговите изведби на песните. Неговите песни изобилуваат со изворен македонски народен звук и ритмика и силен македонски патриотски дух на љубов кон Македонија, но и кон животот, песната, љубовта.

Се прославил со својата песнаМакедонско девојче[2] (1964), чии препеани верзии се појавиле на англиски, германски, дански, италијански, руски, српски, француски и шпански јазик. Впечатливи му биле и изведбите на песните: „Животе мој“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Запеј песна Македонко“ и многу други во извонредно богатиот репертоар. Како најзапаметени и највпечатливи негови песни кои сè до денес се своевидни химни меѓу македонскиот народ, со огромна популарност се песните Едно име имаме, Ако умрам ил загинам, Ој, Вардаре македонски, И ние сме деца на Македонија“', Мој роден крај, Куќа имам на Пелистер и многу други. Член бил на ансамблот „Танец“ (пејач и играорец), каде како кореограф изработил и создал кореографии за неколку ора, меѓу кои и Калајџиското Оро. Како одговорен за народната музика во ТВ Скопје, ја иницирал серијата „Распеани градови“ (1974), еден од најзначајните проекти на ТВС.

Јонче Христовски бил женет и татко на две ќерки. Неговата сопруга трагично го загубила животот во катастрофалниот Скопски земјотрес 1963 година и токму на неа и за љубовта кон неа, Јонче Христовски ја посветил и напишал една од своите најпознати песни „Животе мој“. Во 2002 година во Скопје е основан ансамбл за народни песни и игри кој го носи неговото име[3], a македонско културно уметничко друштво со неговото име постои и во Германија.

Творештво[уреди | уреди извор]

Јонче Христовски напишал голем број песни, кои ги изведувале бројни пејачи:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Јонче Христовски“. Архивирано од изворникот на 2011-05-30. Посетено на 2012-03-26.
  2. 2,0 2,1 Јонче Христовски
  3. „Ансамбл „Јонче Христовски". Архивирано од изворникот на 2017-05-28. Посетено на 2012-03-26.
  4. Mile Todorovski, PGP RTB, EP 12735.
  5. Duet Kuculova-Andreevski, RTB, EP 12756.
  6. Duetot Miteva-Uzunov, Ah ljubov, pak ljubov, RTB, SF 13 111.
  7. Duet: Tomovska-Mančevski, Ah ljubov, pak ljubov, RTB, EP 12758.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]