Комуникација

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Комуникација

Комуникација е процес на размена на информации низ заеднички систем на симболи. „Комуникација“ е академска дисциплина што ја изучува комуникацијата меѓу различните субјекти.

Општествена комуникациска мрежа[уреди | уреди извор]

Вкупноста на сите видови комуницирање на луѓето во определено време, простор и определено општество ја сочинува општествената комуникациска мрежа во која има формализирани и неформализирани сегменти.

  • Формализираните (институционализирани) сегменти на комуникациската општествена мрежа се одвиваат низ бројни потсистеми на општествениот систем;
  • Неформализираните комуникации се одвиваат секојдневно во сите делови на општествениот живот.

Главните пречки при комуницирањето[уреди | уреди извор]

  1. Ограчиченост на капацитетот на примачот – се однесува на ситуациите при кои изнесената информација може да биде и паметна и логична, но е претставена на многу високо ниво или во преголем број на информации, па примачот не може да ја внесе во себе;
  2. Попречување (спречување) – се однесува на надворешните фактори кои го спречуваат (попречуват) примањето на пораките од кои најважни се: дразбата која се натпреварува, стресот, внатрешниот стрес и непознавањето на средствата за комуницирање;
  3. Премолчено (преќутно) претпоставување – ова е вообичаен начин на погрешно разбирање кога соговорникот го премолчува знаењето на некој збор или поим;
  4. Инкомпактибилност (несовпадливост) на шемите – шемата е трајна, длабоко вкоренета и добро организирана класификација на начинот на забележување, мислење и однесување. Луѓето со радикални различни шеми ги асимилираат и ги толкуваат податоците на различни начини;
  5. Влијанието на несвесните и делумно свесните механизми – се однесува на попречувањето предизвикано со очекувањата и предрасудите на другите лица, и тоа на различни нивоа на свесна контрола;
  6. Конфузно излагање – е очигледна пречка на успешната комуникација, со оглед на тоа што ја намалува нејзината успешност. Без оглед на тоа колку е интересна темата за која се зборува, лесно може да се случи да не се успее во пренесувањето на соопштението ако е тоа лошо изложено;
  7. Отсуство на канал за комуникација – оваа пречка може да изгледа премногу очигледна за да се вклучи. Отсуствот на било каков начин на поврезаност на потенцијалниот испраќач и примач значи всушност дека никаква комуникација не може да се воспостави.

Основни принципи на условите за успешна комуникација[уреди | уреди извор]

  1. Одреденоста (определеноста, дефинираноста) на јазичниот систем е прв услов на успешната комуникација, во смисла што мора точно да се знае во кој јазичен систем се употребуваат одредени симболи, термини и јазични изрази. (пр. во Македонскиот јазик „не“ значи негација, а во Грчкиот афирмација);
  2. Значењата на сите термини, а колки што е можно и на што повеќе изрази во рамките на еден систем мора да бидат колку што е можно поодредени, без разлика дали станува збор за еднозначни или повеќезначни зборови;
  3. Секој одделен термин, збор или симбол во рамките на еден јазичен систем или барем една теорија мора да биде прецизно одреден во своето значење и консеквентно (доследно) употребуван во одредено значење. (пр. зборовите „маса“, „позиција“, „импулс“ и сл. мораат да бидат еднозначно определени барем во рамките на една теорија;
  4. Јасните дефиниции на што поголем број термини во рамките на еден јазичен систем или барем во рамките на едно учење или теорија, го згоелмува степенот на успешноста на комуникацијата на истите;
  5. Доколку значењата на одредени термини со променливи поими се менуваат, тие промени мораат да се имаат во предвид, т.е. мораат точно да се одредат;
  6. Доколку се појават различни сфаќања на истите јазични термини или изрази, станува збор за т.н „терминолошки судар“, кој може да се избегне или разреши со прецизно дефинирање на значењата на употребените термини и јазични изрази;
  7. Во секое јазичко-мисловно комуницирање, треба, колку е можно повеќе да се избегнуваат произволните и субјективни сфаќања на значењето на термините, а што повеќе да се прифаќаат општо усвоените и објективни значења. Тоа значи дека на едни исти термини не треба да му даваме различни значења;
  8. Сам по себе, чисто објективно, ни еден термин не е ни точен, ни погрешен, ако не се води сметка за неговата поимна содржина. Така, комуникацијата е поуспешна доколку се служиме со термини и изрази кои имаат точни и научно основани значења;
  9. При комуницирањето треба да се води сметка „кој“ употребува одреден термин или израз и „кому“ се тие наменети. За успешна комуникација треба да се води сметка за полот, возраста, образованието, професијата и животното искуство на „произведувачот“ и „примачот“ на пораката.

Форми на комуникација[уреди | уреди извор]

Види исто така[уреди | уреди извор]