Телеграф

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Телеграфија)
Прејди на: содржини, барај

Телеграф претставува секој уред или систем за пренесување пораки на далечина со помош посебен систем за сигнали.

Најстарите облици на телеграфи се појавиле уште во древните царства, кога биле користени огнени и димни сигнали. Во 18 век измислен е семафорот.

Во 19 век е измислен електромагнетскиот телеграф. На овој телеграф и денес се мисли кога се зборува за телеграф. Како средство за пренесување на сигнали е користена бакарна жица.

Од 1895 година за пренос на сигнали почнуваат да се користат радио бранови, а уредите се викаат радио-телеграфи.

Во 20 век се појавуваат телепринтери, односно телекс уреди кои телеграфските сигнали автоматски ги конвертираат во зборови на хартија. Покасно се појавуваат телефото уреди кои наместо пораки пренесуваат слики. После нив се дојдени телефакс уредите.

Е-маил и други системи за пренесување на пораки преку Интернет исто така може да се вбројат во телеграфски системи.