Викиречник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Викиречник
Wiktionary logoWiktionary logo
Detail of the Wiktionary main page. All major wiktionaries are listed by number of articles.
Скриншот од wiktionary.org
URL //www.wiktionary.org
Гесло слободен речник
Комерцијално? No
Тип речник
Регистрација Optional
Расположиви јазици (околу 170)
Сопственик Фондација Викимедија
Творец Џими Вејлс и Фондација Викимедија
Пуштено декември 12, 2002; пред 14 години (2002-12-12)
Котирање на Alexa

нагативен пораст 550 (September 2017

)[1]
Тековен статус активна

Викиречник (англиски: Wiktionary) — повеќејазичен, мрежно-базиран проект за создавање на слободен содржаен речник, достапен на преку 171 јазик. За разлика од стандардните речници, овој речник е напишан, заеднички од страна на волонтери, наречени „Wiktionarians“, со користење на софтверот Вики преку МедијаВики, овозможувајќи промена на статиите од речиси секој кој има пристап до веб страната.

Проектот Википедија, како сестра на Викиречник е водена од страна на Фондација Викимедија. Бидејќи Викречник не е просторно ограничен, повеќето од неговите јазични изданија нудат дефиниции и преводи на разни зборови од други јазици, а некои изданија нудат и дополнителни информации кои обично се наоѓаат во речниците на синоними и лексикони. Дополнително, англискиот Викиречник ја вклучува и категорија Викисаурус која служи како речник на синоними, вклучувајќи ги листите на сленг зборови, и едноставниот англиски Викиречник, создаден од збир на зборови од подгрупата на основнен англиски јазик.

Крајната цел на Викиречник е да се дефинираат „сите зборови во сите јазици“.

Историја и развој[уреди | уреди извор]

Викиречникот е пуштен онлајн на 12 декември 2002 година[lower-alpha 1], по предлог на Даниел Алстон[lower-alpha 2]. На 28 март 2004 година, првите не-англиски Викиречници биле создадени на француски и полски јазик. Од тогаш, се создадени Викиречници на голем број други јазици. Викиречникот бил поставен на привремена URL адреса (wiktionary.wikipedia.org) до 1 мај 2004 година[lower-alpha 3] Нa ноември 2016 , кога се префрлила на тековната комплетна URL адреса. Од ноември 2016 година, Викиречникот содржи 25.9 милиони записи во своите јазични изданија[2]. Најголемото од јазични изданија на Викиречник е на англиски јазик, со над 5 милиони записи. Малгашкиот Викиречник има 3.9 милиони, додека францускиот Викиречник над 3 милиони записи. Четириесет и една јазични изданија на Викиречник сега содржат повеќе од 100.000 записи[lower-alpha 4].

Повеќето од записите и голем број на дефинициите на најголемиот проект на јазични изданија биле создадени од ботови кои пронашле креативен начин да генерираат записи или (ретко) автоматски да внесуваат илјадници записи од претходно објавени речници. Седум од 18-ботови регистрирани на англискиот Викиречник[lower-alpha 5] создале 163.000 записи[3]. Само 259 записи остануваат (секој содржи голем број дефиниции) на Викиречник од оригиналното вметнување на Вебстербот од областа на јавениот извор.

Поголемиот дел од вметнувањата беа рачно разделени од илјадници соодветни записи. Уште еден од овие ботови, наречен "ThirdPersBot", бил одговорен за додавање на конјугации од трето лице кои не ги примаат своите записи во стандард речници, на пример, тоа "тлее" е дефинирано како "трето лице еднина во сегашна форма на “догорува ". Со исклучок на овие 163.000 записи, англискиот Викиречник ќе содржи околу 137.000 записи, вклучувајќи ги термините уникатни за другите јазици освен англискиот, што го прави помал од повеќето еднојазични речници. Оксфордскиот англиски речник, на пример, има 615.000 главни зборови[4], додека пак третиот нов интернационален речник на Merriam-Webster's на англиски јазик, има непопречено 475.000 записи (со многу дополнително вградени главни записи). Сепак, треба да се забележи дека сега постојат повеќе детални статистики за да може да се направи разлика помеѓу главни и под-записи.

Англискиот Викиречник, не се потпира на ботови до тој степен до кој се потпираат новите изданија. Францускиот и виетнамски Викиречник, на пример, вметнуваат големи делови од Проектот на слободен виетнамски речник (ПСВР), кој обезбедува бесплатна содржина на двојазични речници за и од Виетнам. Овие внесени записи ги сочинуваат речиси сите записи од понудата на виетнамското издание. Како англиското издание, и францускиот Викиречник има вметнато околу 20.000 записи во базата на податоци Unihan на кинески, јапонски, корејски знаци. Францускиот Викиречник исто така брзо се проширил во 2006, во голем дел, благодарение на складирањето на ботовите на записи од старите, и слободно лиценцирани речници, како што е осмо издание на Dictionnaire de l'Académie française (1935, околу 35.000 зборови), и со користење на ботови да се додадат зборови од други изданија на Викиречник со француски превод. Руската верзија се зголемила за речиси 80.000 записи како "LXbot", откакако додала записи (со наслови, но без дефиниции) за зборови на англиски и германски јазик.

Во 2017 англискиот дел на en.wiktionary имал над 500.000 сјајни дефиниции и над 900.000 дефиниции (вклучувајќи различни форми)[5].

Лого[уреди | уреди извор]

Поголемиот дел од сегашниот Викиречник користи тексуално дизајнирано лого од страна на Брион Вибер, инвеститорот во МедијаВики[lower-alpha 6] Because a purely textual logo must vary considerably from language to language, a four-phase contest to adopt a uniform logo was held at the Wikimedia Meta-Wiki from September to October 2006.[lower-alpha 7]. И покрај честите дискусии за модифицирање или замена на логото, на натпреварот во четири фази одржан во Википедија Мета-Вики од септември до октомври 2006 година не се исполнил саканиот одзив од заедницата на Википедија, како што се надевале некои членови. Победничкото лого било дизајнирано од страна на "Smurrayinchester". Почнувајќи од декември 2009 година, 23 од изданијата на Викиречник, содржат околу половина од записите на Викиречник на направената промена во победничкото лого или негови варијации. Останатите изданија ја користат или својата специфична јазична верзија на текстуалното лого или, во случајот на Галицискиот Викиречник, логото кое го отсликува речникот го претставува галицискиот грб. Во април 2009 година, повторно било покренато прашањето со спроведување на анкета по што било одлучено дека треба да се спроведе проектот за ново лого.

Точност[уреди | уреди извор]

За да се обезбеди точност, Викиречник има полиса во која се наведува дека записите треба да се тестираат и да се потврди нивната точност преку:

  1. Јасношироката употреба,
  2. Употреба во добро позната работа или
  3. Употреба во релевантен весник и
  4. Употреба во трајно снимени медиуми, преку кои се пренесува значењето, во најмалку три независни случаи со рок на објавување од најмалку една година.

Критички прием[уреди | уреди извор]

Критичкиот прием на Викиречникот е разновиден. Џил Лепоре запишал во статијата „Ноева арка“ за „Њујоркер“ (6 ноември 2006 година): „Не постојат видливи раце на Википедија. Не постои дури ни редакција. "Бидете свој лексикограф!", може да биде мотото на Википедија. Кому му се потребни експерти? Зошто да се плаќаат многу пари за еден речник напишан од лексикографи кога можеме самостојно да создадеме еден? „Викиречникот не е толку републички и демократски колку што е маоистички. И е толку добар колку што се авторско изумрените книги од кои краде“.

Критичкиот осврт на Кеир Граф за Booklist бил помалку критичен: „Има ли место за Викиречник? Несомнено. Индустријата и ентузијазмот на многу од нејзините креатори се доказ дека постои пазар за него. Прекрасно е да се има уште еден силен извор кој се користи при пребарување на чудни термини кои се појавуваат со брзото менување на денешниот свет и на интернет околината. Но, како што се случува со многу веб-извори (вклучувајќи ја и оваа колумна) најдобро е да се користат софистицираните корисници во комбинација со повеќе реномирани извори.“

Повикувањата на други изданија се минливи, а дел од поголема дискусија на Википедија, е тоа што не напредуваат подалеку од дефиницијата, иако во изјавата на Дејвид Брукс за The Nashua Telegraph ја опишал како „дива и волнена“. Една од пречките за независна покриеност на Викиречникот е продолжувањето со забуна која во најмала рака е само продолжување на Википедија. Во 2005, PC Magazine го оцени Викиречникот како еден од "Топ 101 веб-сајтови" иако бил даден мал број на информации во врска со страната.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „lower-alpha“, но нема соодветна ознака <references group="lower-alpha"/>, или пак недостасува завршно </ref>.