Полски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Полски јазик
język polski
Изговор /pɔlski/
Застапен во  Полска и полската дијаспора.
Говорници 42,708,133 [1]  
Јазично семејство
Писмо Полска азбука
Статус
Службен во

 Европска Унија
 Полска


Малцински јазик: Чешка
 Словачка
 Романија
 Украина
Регулативен орган Совет за полски јазик
Јазични кодови
ISO 639-1 pl
ISO 639-2 pol
ISO 639-3 pol

Полскиот (język polski, polszczyzna) е официјалниот јазик во Полска и е најголемиот јазик во групата на западнословенски јазици, а додека според популарноста од сите словенски јазици е на второ место веднаш зад рускиот. Развојот на полскиот јазик е независен и задржал поголем број од карактеристиките на старословенскиот јазик. Јазикот има богата книжевност, преведена на сите светски јазици. Полскиот јазик се пишува со полската азбука, варијанта на латиницата.

Географска распространетост[уреди]

Околу 97% од полските граѓани се изјасниле дека полскиот јазик им е мајчин јазик. Поради Втората Светска Војна, границите на Полска се промениле но не се пресликало на етничките полски територии. Прогонот и масакрирањето на полјаците за време на Војната го намалил бројот на етничките полјаци и демографската слика на Полска. Полските територии анектирани од страна на СССР после војната не овозможило значителен број на полјаци од тие територии да се отселат и мигрираат. Така, етнички полјаци има во Литванија, Белорусија и Украина.

Полјаци живеат и во: Аргентина, Андора, Австралија, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Данска, Естонија, Фарски Острови, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Израел, Исланд, Ирска, Италија, Казакстан, Летонија, Либан, Луксембург, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужноафриканска Република, Шведска, Перу, Романија, Русија, Србија, Словачка, Шпанија, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Обединетото Кралство, Уругвај и САД.

Во САД, бројот на полјаци достигнува повеќе од 11 милиони, од кои повеќето не зборуваат полски многу добро. Според пописот во 2000 година во САД околу 667.414 американци се изјасниле дека дома зборуваат полски јазик и најмногу полјаци има во државите: Илиноис, Њујорк и Њу Џерзи.

Дијалекти[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дијалекти на полскиот јазик.

Полскиот јазик станал похомоген јазик во втората половина на 20 век како резултат на миграцијата на полјаците од источниот кон западниот дел од земјата по анектирањто на Креси од страна на СССР во 1939.

Жителите од различните делови на Полска зборуваат стандарден полски јазик, иако помеѓу себе се разликуваат во одредени црти. Полјаците немаат проблеми при разбирањето на овие дијалекти, но тоа не е случај со странците кои го учат јазикот.

Поглавните групи на полските дијалекти се:


  • Голем полски, се зборува вп западниот дел од земјата
  • Мал полски, се зборува во јужниот и југоисточниот дел од земјата
  • мазовски се зборува во централните и источните делови на Полска. Овој дијалект/ јазик е сличен со кашупскиот јазик.
  • шлезиски, се зборува во југозападниот дел од Полска. (контраверзен)

Фонологија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фонологија на полскиот јазик.

Полскиот има шест орални и две носни самогласки. Полскиот систем на согласки е посложен: карактеристично за овој јазик е постоењето на серија африкатни и непчани согласки, како последица на палатизацијата на старословенскиот јазик и како палатизација која се случила само кај полскиот и белорускиот јазик.

Правопис и азбука[уреди]

Полската азбука потекнува од латиницата, но користи дијакрити. Полскиот јазик развил свој правопис, различен од околните западнословенски јазици.

Голема
буква
HTML
код
Мала
буква
HTML
код
Име на буквата Стандардна фонетичка
вредност
Други
фонетички вредности
A   a   a [a]  
Ą Ą ą ą ą [ɔɰ̃] [ɔ], [ɔm], [ɔn], [ɔŋ], [ɔɲ], [ɔj̃]
B   b   be [b] [p]
C   c   ce [t͡s] [d͡z], [t͡ɕ]
Ć Ć ć ć ci [t͡ɕ] [d͡ʑ]
D   d   de [d] [t]
E   e   e [ɛ] [e] после и помеѓу палатизирана согласка
Ę Ę ę ę ę [ɛɰ̃] [ɛ], [ɛm], [ɛn], [ɛŋ], [ɛɲ], [ɛj̃]
F   f   ef [f] [v]
G   g   gie [g] [k]
H   h   ha [x] [ɣ], [ɦ] (Шлезија)
I   i   i [i] [i̯], тивка, (ја омекнува претходната)
J   j   jot [j] [i]
K   k   ka [k] [g]
L   l   el [l]  
Ł Ł ł ł [w] [ɫ] во стариот изговор и источните дијалекти
M   m   em [m]  
N   n   en [n] [ŋ], [ɲ]
Ń Ń ń ń [ɲ]  
O   o   o [ɔ]  
Ó Ó ó ó ó kreskowane [u]  
P   p   pe [p] [b]
R   r   er [r]
S   s   es [s] [z], [ɕ]
Ś Ś ś ś [ɕ] [ʑ]
T   t   te [t] [d]
U   u   u or u otwarte [u] [u̯]
W   w   wu [v] [f]
Y   y   igrek [ɨ]  
Z   z   zet [z] [s], [ʑ]
Ź Ź ź ź ziet [ʑ] [ɕ]
Ż Ż ż ż żet [ʐ] [ʂ]
  • Буквите Q (ku), V (fau) и X (iks) не се дел од полската азбука, но се случува да се сретнат при пишување на имиња и некои странски зборови. Вредностите на овие букви се заменети со K, W и KS/GZ.


Покрај стандардните букви, полскиот јазик користи и неколку диграфи:

Големи HTML
код
Мали HTML
код
Стандардна
фонетичка вредност
Други
фонетички вредности
Ch   ch   [x] [ɣ]
Cz   cz   [t͡ʂ] [d͡ʐ]
Dz   dz   [d͡z] [t͡s], [d͡ʑ], [d-z]
DŹ dź [d͡ʑ] [t͡ɕ], [d-ʑ]
DŻ dż [d͡ʐ] [t͡ʂ], [d-ʐ]
Rz   rz   [ʐ] [ʂ], [r-z]
Sz   sz   [ʂ] [ʐ]

Покрај тоа што полскиот јазик ги следи фонетичките правила при пишување, некои гласови можат да имаат повеќе од една запишана форма:

  • [x] како h или ch
  • [ʐ] како ż или rz (иако го означува гласот [r-ʐ])
  • [u] како u или ó
  • меките согласки се запишани јаји ć, , ń, ś, ź, или ci, dzi, ni, si, zi (ć, ń итн. се пишуваат пред согласка или на крај од зборот, додека ci, ni итн. се користат пред самогласки a, ą, e, ę, o, u; c, dz, n, s, z самостојно се користат пред i.)

Граматика[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Граматика на полскиот јазик.

Лични заменки[уреди]

Еднина Множина
ja – јас my – ние
ty – ти wy – вие
on – тој
ona – таа
ono – тоа
oni – тие (група на мажи, со најмалку еден маж)
one – тие (група на жени или група каде не се вклучени личности)

Броеви[уреди]

jeden – еден dwa – два
trzy – три cztery – четири
pięć – пет sześć – шест
siedem – седум osiem – осум
dziewięć – девет dziesięć – десет
jedenaście – единаесет dwanaście – дванаесет
trzynaście – тринаесет czternaście – четиринаесет
piętnaście – петнаесет szesnaście – шестнаесет
siedemnaście – седумнаесет osiemnaście – осумнаесет
dziewiętnaście – деветнаесет dwadzieścia – дваесет
dwadzieścia jeden – дваесет и еден dwadzieścia dziewięć – двесет и девет
trzydzieści – триесет czterdzieści – четириесет
pięćdziesiąt – педесет sześćdziesiąt – шеесет
siedemdziesiąt – седумдесет osiemdziesiąt – осумдесет
dziewięćdziesiąt – деведесет sto – сто
pięćset – петсто tysiąc – илјада
milion – милион miliard – милијарда

Примери[уреди]

Полски јазик
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Wszyscy ludzie rodzą się wolni i równi pod względem swej godności i swych praw. Są oni obdarzeni rozumem i sumieniem i powinni postępować wobec innych w duchu braterstwa.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици

Хронологија[уреди]

czas време
sekunda секунда
minuta минута
godzina час
dzień ден
doba 24 часа
tydzień седмица
dwa tygodnie две седмици
miesiąc месец
rok година
dziesięciolecie / dekada декада
wiek / stulecie век
tysiąclecie милениум
styczeń јануари
luty февруари
marzec март
kwiecień април
maj мај
czerwiec јуни
lipiec јули
sierpień август
wrzesień септември
październik октомври
listopad ноември
grudzień декември

Време[уреди]

bardzo zimno многу ладно
deszczowo дождливо
słonecznie сончево
mokro мокро, влажно
pochmurno облачно
wietrznie ветровито
sucho суво
gorąco топло
duszno запурливо
żar leje się z nieba претопло

Сезони[уреди]

wiosna пролет
lato лето
jesień есен
zima зима

Локации[уреди]

dom дом
lotnisko аеродром
dworzec kolejowy железничка станица
dworzec autobusowy автобуска станица
sklep продавница
zamek замок
plaża плажа
miasto град
wieś село
kino кино/ театар
kościół црква
rynek пазар
więzienie затвор
poczta пошта
szkoła училиште
cmentarz гробишта
ulica улица

Наводи[уреди]

  • Swan, Oscar E. (2002). „A Grammar of Contemporary Polish“. Bloomington, IN: Slavica. ISBN 0-89357-296-9. 

Видете исто така[уреди]


Надворешни врски[уреди]

Википедија
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на полски јазик
Wikibooks
Англиските Викикниги нудат повеќе материјал на тема:
Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Речници[уреди]