Македонска транскрипција на полскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Полскиот јазик ја употребува латиницата како основно писмо, а акцентот е фиксен и паѓа на вториот слог од крајот на зборот. Специфики на полската графија се: употреба на различни знаци за означување на истиот глас, двознаци за означување на еден глас, како и функцијата на знакот i да ја омекнува претходната согласка, со или без сопствена гласовна вредност во зависност од опкружувањето. Во полскиот јазик има 9 знаци за означување самогласки и 23 знаци + 7 двознаци за означување согласки. Доколку некој знак не е наведен под определена точка, тоа значи дека се предава со соодветниот кириличен еквивалент.

Предавањето на полскиот јазик со македонско писмо се води според Правописот на македонскиот јазик (II изд.) од 2017 г.[1]

Предавање на самогласките[уреди | уреди извор]

ą[уреди | уреди извор]

Буквата ą означува носна самогласка која се предава на следниов начин:

  • како ом пред согласките b, p: Dąbrowski – Домбровски, Goląb – Голомб, Bukowo-KrąpielБуково-Кромпјел.
  • како он во сите други положби: Zajączkowski – Зајончковски, Sącz – Сонч, Grudziądz – Груѓонѕ, Drzązgowo – Джонзгово, Rogowo-Majątek – Рогово-Мајонтек.

ę[уреди | уреди извор]

Буквата ę означува носна самогласка која се предава на следниов начин:

  • како пред согласките b, p: Zaręba – Заремба, Dębica – Дембица, Krępska – Кремпска, Kępno – Кемпно, Sępoliński – Семполињски.
  • како ен во сите други положби: Częstochowa – Ченстохова, Dzięgost – Ѓенгост, Kęsowo – Кенсово.

i[уреди | уреди извор]

  • Буквата i се предава како и кога се наоѓа пред согласка: Ireneusz – Иренеуш, Piła – Пила. По согласките c, dz, s, z, освен што има гласовна вредност на и, влијае и на нивното омекнување: Ciborowski – Ќиборовски, Dziwy – Ѓиви, Sikorski – Шикорски, Kazimierz – Кажимјеж.
  • Буквата i пред самогласка се предава со ј (се работи за согласни групи p, b, m, f, w, ch, h + i ): Piórkowski – Пјурковски, Białystok – Бјалисток, Włodzimierz – Влоѓимјеж, Fiodory – Фјодори, Wieliczka – Вјеличка, Chielmiński – Хјелмињски, Hieronim – Хјероњим, освен во личните имиња на -ia, кои се предаваат со соодветниот суфикс -ија: Zofia – Зофија.
  • Буквата i пред самогласка во групите ki, gi, dzi, ci, si, zi нема гласовна вредност, туку служи само за омекнување на претходната согласка и не се предава: Kieślowski – Кешловски, Giewont – Гевонт, Dzięgost – Ѓенгост, Cieszyn – Ќешињ, Sieradz – Шераѕ, Zieliński – Желињски.

y[уреди | уреди извор]

  • Буквата у, што означува тврдо и, се предава како и: Gdynia – Гдиња, Bydgoszcz – Бидгошч, Cyrankiewicz – Циранкевич.

ó[уреди | уреди извор]

  • Буквата ó се предава со у во сите положби, освен во Краков и Лоѓ кои се традиционално прифатени со о. Примери: Józef – Јузеф, Królówka – Крулувка, Oracówka – Орацувка, Górowo – Гурово; Rzeszów – Жешув, Chrzanów – Хшанув, Wilanów – Виланув, Chorzów – Хожув, Radziejów – Раѓејув.

c[уреди | уреди извор]

  • Буквата c се предава со ц во сите положби: Cezary – Цезари, освен во положба пред i.

Предавање на согласките[уреди | уреди извор]

ch[уреди | уреди извор]

  • Двознакот ch и буквата h имаат иста гласовна вредност и се предаваат како х: Hel – Хел, Sapieha – Сапјеха, Chełmno – Хелмно, Sochaczew – Сохачев.

cz[уреди | уреди извор]

  • Двознакот cz се предава со ч: Czartoryski – Чарториски, Wiczółkowski – Вичулковски, Mickiewicz – Мицкевич.

Напомена: Во полскиот јазик се чести презимињата на -icz: тие не се менуваат во -иќ, туку остануваат со ч.

ć и ci[уреди | уреди извор]

  • Буквата ć, како и групата ci пред самогласка, се предаваат со ќ: Gućwa – Гуќва, Suć – Суќ; Cieplice – Ќеплице, Cieszyn – Ќешин.
  • Групата ci пред согласка се предава со ќи: Złociniec – Злоќињец, Oświęcim – Ошвјенќим, Ciborowski – Ќиборовски, Racibórz – Раќибуж.

dz, и dzi[уреди | уреди извор]

  • Двознакот dz се предава со ѕ во сите положби: Międzyrzec – Мјенѕижец, Grudziądz – Груѓонѕ, Sieradz – Шераѕ, освен пред i.
  • Двознакот , како и групата dzi пред самогласка, се предаваат со ѓ: Jadźwingowie – Јаѓвинговје, Lódź – Лоѓ; Dzieduszycki – Ѓедушицки.
  • Групата dzi пред согласка се предава со ѓи: Radziwil – Раѓивил, Brodziński – Броѓињски.
  • се предава како џ во сите положби: Dżystka – Џистка.

Напомена: Групата drz не се предава како џ, туку како дж.

g[уреди | уреди извор]

  • g се предава со г во сите положби: Goleszów – Голешув.

Напомена: Мекоста на g пред i не се бележи: Giewont – Гевонт.

j[уреди | уреди извор]

  • Буквата ј се предава со ј во сите положби: Justyna – Јустина, Zdrój – Здруј.

k[уреди | уреди извор]

  • Буквата k се предава со k во сите положби: Klara – Клара.

Напомена: Мекоста на к пред i не се бележи: Kielce – Келце, Szyszyńskie – Шишињске, Kinga – Кинга.

l и ł[уреди | уреди извор]

  • Буквата l, која означува меко л, се предава со л во сите положби: Wawel – Вавел, Zielona Góra – Желона Гура, Olsztyn – Олштин, Trybuna Ludu – Трибуна Луду, Bielawa – Бјелава; Bliziński – Ближињски, Legnica – Легњица, Leszno – Лешно, Cieplice – Ќеплице.
  • Буквата ł, која означува тврдо л, блиско до неслоговното у, се предава со л во сите положби: Wrocław – Вроцлав, Łomża – Ломжа, Michał – Михал, Białystok – Бјалисток, Biała – Бјала, Podłaska – Подласка.

n, ń и ni[уреди | уреди извор]

  • Буквата n се предава со н во сите положби: Nysa – Ниса, освен во групата ni.
  • Двојната согласка nn се предава со една: Anna – Ана.
  • Буквата ń, односно групата ni пред самогласка, се предава со њ: Krasiński – Крашињски, Gałczyński – Галчињски, Topolińska – Тополињска; Gdańsk – Гдањск, Gdynia – Гдиња, Braniewo – Брањево, Niezgoda – Њезгода, Moniuszko – Моњушко, Żagań – Жагањ, Bońkowski – Боњковски, Broniewski – Броњевски, Niedzica – Њеѓица, Toruń – Торуњ.
  • Групата ni пред согласка се предава со њи: Brodnica – Бродњица, Konopnicki – Конопњицки.

rz[уреди | уреди извор]

  • Двознакот rz се предава со ж зад самогласки и зад звучни согласки: Grzegorz – Гжегож, Kazimierz – Кажимјеж, Korzeniowski – Кожењовски, Brzozowski – Бжозовски, Jerzy – Јежи, Zgorzelec – Згожелец. Притоа, во контакт со д не се изговара како џ, туку како дж: Drzązgowo – Джонзгово.
  • Во сите други случаи се предава со ш (во соседство на безвучна согласка): Przybyszewski – Пшибишевски, Wieprz – Вјепш, Krzyżanowski - Кшижановски, Dzierzkowski – Ѓешковски.
  • Иста гласовна вредност со двознакот rz има и буквата ż (вид. подолу).

s, sz, ś и si[уреди | уреди извор]

  • Буквата s се предава со с во сите положби: Nysa – Ниса, Syjudy – Сијуди, освен во групата si.
  • Двознакот sz се предава со ш: Kraszewski – Крашевски, Warszawa – Варшава.
  • Буквата за мекото ś во сите положби и во согласни групи, како и групата si пред самогласка, се предаваат со ш: Zośka – Зошка, Leśmian - Лешмјан, Łoś – Лош, Śniegocka – Шњегоцка; Zamość – Замошќ, Przemyśl – Пшемишл; Zosia – Зоша, Sienkiewicz – Шенкевич, Polesie – Полеше;
  • Групата si пред согласка се предава со ши: Dygasiński – Дигашињски, Krasicki – Крашицки.

w[уреди | уреди извор]

  • Буквата w се предава со в: Warszawa – Варшава.

z, ż, ź и zi[уреди | уреди извор]

  • Буквата z се предава со з во сите положби (Zosia – Зоша, Zychowa – Зихова), освен во групата zi.
  • Буквата за мекото ź во сите положби и во согласни групи, како и групата zi пред самогласка, се предаваат со ж: Koźmian – Кожмјан, Woźniak – Вожњак; Koźle – Кожле; Kazia – Кажа, Zieliński – Желињски;
  • Групата zi пред согласка се предава со жи: Kazimierz – Кажимјеж.
  • Буквата ż има иста гласовна вредност како двознакот rz и се предава со ж: Żory – Жори, Żywiec – Живјец.

Удвоени согласки[уреди | уреди извор]

  • Удвоените согласки се предаваат со една: Jagiełło – Јагело, Staff – Стаф.

Но, ако се работи за име во кое е видлива границата меѓу составните елементи, тогаш двојните согласки остануваат: Poddębice – Поддембице.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]