Македонска транскрипција на украинскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Украински јазик
Українська мова
„Тарас Шевченско“

При транскрипцијата (предавањето) на украинскиот јазик во гласовниот систем на македонскиот јазик, се поаѓа од неговиот изговор, па така се наоѓаат најслични македонски гласови на украинските и се претставуваат со нивните букви од македонската азбука.

Транкрипција по букви[уреди | уреди извор]

г[уреди | уреди извор]

Буквата г, што во украинскиот јазик означува посебен грлен глас, се предава со г: Гопак — Гопак, Богдан — Богдан, Гулак — Гулак.

і[уреди | уреди извор]

Буквата і се предава со и: Родіон — Родион, Квітка — Квитка, Куліш — Кулиш. Согласките што ѝ претходнат не се смекнуваат.

ї[уреди | уреди извор]

Буквата ї што во украинскиот јазик има вредност на ји, се предава во почетокот на зборот како ји: Їжакевич — Јижакевич, а во средината, зад самогласка, како и: Николаївка — Николаивка, Сергіївна — Сергиивна.

є[уреди | уреди извор]

Украинското є се предава како е: Євтушенко — Евтушенко, Єфрем — Ефрем, Євграп — Евграп, Софієчка — Софиечка.

Презимиња[уреди | уреди извор]

Украинските презимиња на -ич се предаваат така: Ходкевич — Ходкевич, Юткевич — Јуткевич, Ростропович — Ростропович.

Сопствени имиња[уреди | уреди извор]

Украинските сопствени имиња не добиваат наша форма: Хома — Хома (не: Тома), Опанас — Опанас, Дмитро — Дмитро, Петро — Петро.

Но: Ничипір — Ничипор, Хведір — Хведор (зашто првобитното о се јавува во сите други форми). Така и: Львів — Лавов, Київ — Киев.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]