Бидејќи јапонските писма се слоговни, некои согласки имаат по еден, а некои по два знака, зависно од должината. Тоа значи дека при барање на транскрипцијата на зборовите треба да се обрати внимание дали во зборот што треба да се транскрибира дадениот знак е спарен со друг или е сепак самостоен. Од ова може да зависи (и да се разликува) неговиот изговор.
Во карактерот на македонскиот правопис и правоговор, двојните букви не се пишуваат, дури и кога зборот е составен од повеќе слогови каде едниот завршува на истата буква на која следниот започнува. На пример, двојна согласка се јавува во позајмениот збор ヲッカ (wokka), каде македонското предавање ќе биде „вока“, а не „вокка“). Двојните самогласки исто така не се пишуваат, а должината на самогласките не се бележи.
Овие знаци главно се користат за странски зборови кои содржат слогови кои не постојат во стандардната катакана. Речиси сите овие не се формално стандардизирани.
イェ је
ウィ ви
ウェ ве
ウォ во
ヷ ва
ヸ ви†
ヹ ве†
ヺ во
ヴァ ва
ヴィ ви
ヴ ву
ヴェ ве
ヴォ во
シェ ше
ジェ џе
チェ че
ティ ти
トゥ ту
テュ тју
ディ ди
ドゥ ду
デュ дју
ツァ ца
ツェ це
ツォ цо
ファ фа
フィ фи
フェ фе
フォ фо
フュ фју
† — Знаците со црвено се исфрлени од современата употреба.
‡ — Знакот ヲ во треба фонетски да се пишува o во современиот јапонски кога има улога на честица, а само понекогаш означува во кај некои заемки (како нестандардниот збор ヲッカ вокка — „вотка“).
Загради — Знаците во загради се користат само кога се јавува рендаку (секвенцијално озвучување) на ち чи или つ цу.