Македонска транскрипција на белорускиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Белоруски јазик
Беларуская мова
„Белоруска граматика“

современ и класичен

Ова се правила за транскрипција (предавање) на белорускиот јазик во македонски со дадени примери за нивна примена.

Карактеристични букви[уреди | уреди извор]

і и ы[уреди | уреди извор]

Буквите і и ы се предаваат со и: Крапіва — Крапива, Русецкі — Русецки, Бачыла — Бачила, Гартны — Гартни.

э и е[уреди | уреди извор]

Буквите э и е се предаваат со е: Астрэйка — Астрејка, Кірэенка — Киреенка, Агняцвет — Агњацвет, Бялевіч — Бјалевич.

ё[уреди | уреди извор]

Буквата ё има функција како и во руски: Васілёнак — Васиљонак, Макаёнак — Макајонак.

ў[уреди | уреди извор]

Буквата ў (кратко у) се предава во имињата обично со в: Бабаеўскі — Бабаевски, Бубёнаў — Бубјонав, Паўленка — Павленка.

дз[уреди | уреди извор]

Буквата дз се предава со ѕ: Фадзееў — Фаѕеев.

Апсостроф[уреди | уреди извор]

Апострофот во белорускиот и украинскиот јазик се користи меѓу согласки и после јотирана самогласка (е, ё, ю, я; Uk. є, ї, ю, я) за да се означи дека нема палатизација на претходната согласка и самогласката се изговара исто како што би се изговорила на почетокот на зборот.[1][2]

Едначење и замена[уреди | уреди извор]

  • Не се врши едначење во случаите: Глебка — Глебка, Хадкевіч — Хадкевич и др.
  • Не се заменува а со о во случаите: Багдановіч — Багданович (не: Богданович), Янка Купала — Јанка (не: Јанко) Купала и др.

Преглед[уреди | уреди извор]

Белоруска азбука
белоруски букви македонски еквиваленти
А   а а
Б   б б
В   в в
Г   г г
Д   д д
Е   е е
Ё   ё јо
Ж   ж ж
З   з з
І   і и
Й   й ј
К   к к
Л   л л
М   м м
Н   н н
О   о о
П   п п
Р   р р
С   с с
Т   т т
У   у у
Ў   ў в
Ф   ф ф
Х   х х
Ц   ц ц
Ч   ч ч
Ш   ш ш
Ы   ы и
Ь   ь Нема во македонскиот. Гласот се користи за палатизација.
Э   э е
Ю   ю ју
Я   я ја

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Daniel Bunčić (Bonn), "The apostrophe: A neglected and misunderstood reading aid" at the Tübingen University website Архивирано на 14 април 2012 г.
  2. Linguist List 13.1566, Daniel Bunčić, "Apostrophe rules in languages", from 31 May 2002.

Користена литература[уреди | уреди извор]

  • Правопис на македонскиот литературен јазик, Б. Видоески, Т. Димитровски, К. Конески, К. Тошев, Р. Угринова-Скаловска, 10 изд. — Скопје: Просветно дело, 1991.

Поврзано[уреди | уреди извор]