Буквата Д (кирилица: , глаголица: ) е петтата буква во македонската азбука и петтата буква во стандардната кирилична азбука. Буквата има звучна вредност /d/ во скоро сите словенски јазици што користат кирилица. Потекнува од грчката буква делта, но со видни разлики во формата на буквата. Ракописната верзија е малку поразлична од печатената и малата ракописна буква д потсетува на латиничната мала буква g.