Двојно ч (Ꚇ ꚇ; закосено: Ꚇ ꚇ) — буква од проширената кирилица[1] која се користела во старите апхаски азбуки и ја претставувала безвучната свиена слеана согласка/tʂ/. Нејзин творец е баронот Петар Карлович Услар, кој ја објавил во неговото лингвистичко дело „Абхазский язык“.[2] Најпрвин буквата имала облик на Ҽ, но во 1887 г. неговиот труд бил преиздаден од М. Завадски, кој ѝ го изменил обликот на буквата во двојно ч.[2] Подоцна е вратен стариот облик на Услар, кој денес се користи во современата апхаска азбука.