Јус

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Кирилични букви Јус
Cyrillic letter Little Yus.png
Cyrillic letter Big Yus.png
Cyrillic letter Iotified Little Yus.png
Cyrillic letter Iotified Big Yus.png
Словенски букви
А Б В Г Ґ Д Ѓ
Ђ Е Ѐ Ё Є Ж З
Ѕ И Ѝ І Ї Й Ј
К Л Љ М Н Њ О
П Р С Т Ќ Ћ У
Ў Ф Х Ц Ч Џ Ш
Щ Ъ Ы Ь Э Ю Я
Словенски букви
вон употреба
Ҁ Ѻ Ѹ Ѡ Ѿ Ѣ
Ѥ Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ
Ѳ Ѵ Ѷ
Несловенски букви
Ӑ Ӓ Ә Ӛ Ӕ Ғ Ҕ
Ӻ Ӷ Ԁ Ԃ Ӗ Ӂ
Җ Ӝ Ԅ Ҙ Ӟ Ԑ Ӡ
Ԇ Ӣ Ҋ Ӥ Қ Ӄ Ҡ
Ҟ Ҝ Ԟ Ԛ Ӆ Ԓ Ԡ
Ԉ Ԕ Ӎ Ӊ Ң Ӈ Ҥ
Ԣ Ԋ Ӧ Ө Ӫ Ҩ Ԥ
Ҧ Ҏ Ԗ Ҫ Ԍ Ҭ Ԏ
Ӯ Ӱ Ӳ Ү Ұ Ҳ Ӽ
Ӿ Һ Ԧ Ҵ Ҷ Ӵ Ӌ
Ҹ Ҽ Ҿ Ӹ Ҍ Ӭ
Ԙ Ԝ Ӏ
Јус мало (лево) и Јус големо (десно); нормални форми (горе) и јотифицирани (долу)

Јус мало (старосл. юсъ малъıи, кирилица: Ѧ, ѧ, глаголица: Glagolitic ens.svg) и јус големо (стсл. юсъ большии, кирилица: Ѫ, ѫ, глаголица: Glagolitic ons.svg) — букви кои означуваат две општословенски носни самогласки, во прасловенскиот и старословенскиот јазик. Секоја од нив се наоѓа и во јотувана форма (кирилица: ѩ и ѭ; глаголица: Glagolitic yens.svg и Glagolitic yons.svg), како лигатура со буквата I.

Фонетски, јус мало означува [ɛ̃] по МФА, а јус големо [ɔ̃] по МФА.

Имињата на буквите не се поврзани со капитализација: двете букви постојат и во големи и во мали варијанти.

Сите современи словенски јазици кои користат кирилица ја имаат изгубено оваа буква, со тоа што кај секој од нив јус станала непотребна буква.

Јус големо била составен дел од бугарската азбука сѐ до 1945. Меѓутоа, дотогаш засната носовка исчезнала од јазикот. Како резултат на тоа, постоеле несоодветности помеѓу буквата и фактичкиот јазик и луѓето морале напамет да учат каде да ја ставаат буквата без некоја логика. Постојат некои македонски (околу Лерин и Костур) и бугарски дијалекти кои сѐ уште имаат носен изговор: КъНде греНдеш, мило чеНдо?

Во Русија, јус мало било преземено за да ја означува јотизираната буква я на средината или на крајот од зборот; современата буква ја я е адаптација на оваа курзивна форма од седумнаесетиот век променета со типографската реформа од 1708.

Во полскиот јазик, кој користи латиница, буквата Ę, ę ја има фонетската вредност на јус мало, додека буквата Ą, ą на јус големо. Јотизираните форми пак, на полски се пишуваат со ię, ią. Меѓутоа, фонемите ę и ą не водат историско потекло од оние кои јус мало и големо ги означувало, но се создадени потоа на полско тло.

Поврзано[уреди]