Прејди на содржината

Ѡ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кирилична буква Омега
Фонетска вредност:/o/
Бројна вредност:800
Кирилица
Словенски букви
А Б В Г Ґ Д Ѓ Ђ
Е Ѐ Ё Є Ж З Ѕ И
Ѝ І Ї Й Ј К Л Љ
М Н Њ О П Р С Т
Ќ Ћ У Ў Ф Х Ц Ч
Џ Ш Щ Ъ Ы Ь Э Ю
Я
Несловенски букви
Ӑ Ӓ Ә Ӛ Ӕ Ғ Ҕ Ӻ
Ӷ Ԁ Ԃ Ӗ Ӂ Җ Ӝ
Ԅ Ҙ Ӟ Ԑ Ӡ Ԇ Ӣ Ҋ
Ӥ Қ Ӄ Ҡ Ҟ Ҝ Ԟ Ԛ
Ӆ Ԓ Ԡ Ԉ Ԕ Ӎ Ӊ Ң
Ӈ Ҥ Ԣ Ԋ Ӧ Ө Ӫ Ҩ
Ԥ Ҧ Ҏ Ԗ Ҫ Ԍ Ҭ Ԏ
Ӯ Ӱ Ӳ Ү Ұ Ҳ Ӽ Ӿ
Һ Ԧ Ҵ Ҷ Ӵ Ӌ Ҹ
Ҽ Ҿ Ӹ Ҍ Ӭ Ԙ Ԝ Ӏ
Словенски букви
вон употреба
Ҁ Ѻ Ѹ Ѡ Ѿ Ѣ Ѥ
Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ Ѳ Ѵ
Ѷ

Омега (кирилица: ; глаголица: ) била буква во старословенското писмо, која доаѓа од грчката омега (Ω, ω). Овие рани букви се нарекуваат „архаични букви“.

Насловната страна на книгата Ѡгледало (1814) од Кирил Пејчиновиќ

За разлика од грчкиот јазик, словенските јазици имаат само еден глас /o/, така што омега се користела поретко во споредба со буквата О (О о), која што потекнува од грчката буква омикрон. Во постарите ракописи со уставно писмо, омега главно се пишувала поради нејзината нумеричка вредност, за бележење на бројот 800, и ретко се јавува дури и кај зборови со грчко потекло. Во подоцнежните ракописи со полууставно писмо се користела како декоративна буква.

Во руската азбука се користела до почетокот на 18 век. Постепено била отстранета и заменета со буквата О за време на правописната реформа иницирана од Петар Велики во 1708 година.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Округла омега