Писмо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Писма користени низ светот
  Кирилица (азбучно)
  други азбуки
  други самогласни
  други абугиди

Систем на пишување или едноставно писмо, е симболичен систем што се користи за обележување на елементите на еден јазик како што се гласови, интерпукциски знаци и броеви. Системите на пишување се одделени од другите можни симболични комуникациски системи во тоа што мора да се разбира нешто од јазикот на кој се пишува. Во спротивност на ова, други можни симболични системи како што се мапите, цртежите и математичките симболи често не побаруваа претходно знаење на јазикот што се зборува. Секое човечко општество поседува јазик, особина што од многу луѓе е карактеризирана како уникатна особина на човечкиот род. Како и да е, развојот и присвојувањето на системите на пишување се случило спорадично. Еднаш кога е основан, системот на пишување помалку е подложен на промени одошто гласовната форма на јазикот. и исто така содржи елементи што можеби веќе не се користени во гласовната форма на јазикот.

Појава и развој на писмото[уреди]

Говорот и писмото се најважни за меѓусебно разбирање на луѓето. Тие се основните карактеристики по кои човекот се разликува од другите живи суштества.

Писмото се појавило околу 3200 години пред н.е. во државите на Стариот Исток. Најпрвин се појавило сликовното писмо во Месопотамија и во Египет. Кај Кинезите, писмото се појавило околу 2000 години пред н.е.

Сликовното писмо се состоело од мали цртежи, кои се поврзувале во логичка целина за да изразат една мисла. Постепено, некои цртежи се заменувале само со еден знак, или се употребувале мешано цртежи и знаци. Такво било египетското хиероглифско писмо, што се сликало на камен или се пишувало на папирус.

Во Месопотамија се развило клинестото писмо. Таму се пишувало со остар предмет на глинени плочки. Сликовните знаци постепено добиле форма на клинови, по кои и писмото го добило своето име.

Најдоцна се појавило гласовното писмо, кое го измислиле Фојникијците. Тоа писмо било наједноставно, а послужило како основа за создавање на други писма(грчкото, латинското и кириличното). Се пишувало главно на глинени плочки, а подоцна и на папирус и пергамент.

Кирилица[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Кирилица.
Карта на земји каде се користи Кирилицата

Кирилицата е користена од Македонскиот, Српскиот, Бугарскиот, Рускиот, Белорускиот, Украинскиот, Монголскиот и повеќе други јазици. Подолу е даден пример од една од кириличните азбуки односно Македонската Кирилица.

А
/a/
Б
/b/
В
/v/
Г
/ɡ/
Д
/d/
Ѓ
/ɟ/
Е
/ɛ/
Ж
/ʒ/
З
/z/
Ѕ
/ʣ/
И
/i/
Ј
/j/
К
/k/
Л
/l/
Љ
/ʎ/
М
/m/
Н
/n/
Њ
/ɲ/
О
/ɔ/
П
/p/
Р
/r/
С
/s/
Т
/t/
Ќ
/c/
У
/u/
Ф
/f/
Х
/h/
Ц
/ʦ/
Ч
/ʧ/
Џ
/ʤ/
Ш
/ʃ/

Латиница[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Латиница.

Латиница е назив за писмото со коешто се служеле старите Римјани, како и за писмата изведени од него. Латиницата постои во неколку верзии коишто имаат од 20 до 40 букви коишто можат да бидат мали и големи. . Се пишува од лево на десно. Подолу е пример за стандардната латинична азбука:

Големи букви
A B C D E F G H I J K L M N O P Q R S T U V W X Y Z
Мали букви
a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z

Видови писма[уреди]

Карта на Европа според писмата во употреба.

Во најдалечното минато луѓето своите мисли ги претставувале преку цртежи. Во науката ова е познато како пиктографско писмо. Тоа е најстариот организиран систем на знаци. Ова писмо лесно се чита затоа што не претставува ни еден јазик, туку преку цртежите директно се претставени предметите. Недостаток е тоа што со ова писмо не можат да се претстават чувства или подетално да се пренесат мислите. Пештерските цртежи се најстарите примери на ова писмо. Пиктограмите се цртежи на предметите, а на јазично ниво тие одговараат на речениците.

Поразвиена форма на пиктографското писмо претставува идеографско писмо. Со текот на времето цртежите почнале да се упростуваат и да добиваат симболичко значење (срце - љубов, куќа - дом). Идеограмите се цртежи кои имаат преносно (метафоричко) значење, а на јазично ниво тие одговараат на зборовите. Најпознати идеографски писма се од месопотамската и асировавилонската цивилизација - клинестото писмо, и од египетската - хиероглифското.

Преодна фаза кон најсовременото писмо претставува слоговно писмо од кое се развило фонетското.

Фонетското писмо е гласовно, што значи дека секој глас се бележи со еден знак (буква). Гласовното (фонетското) писмо го развиле Римјаните и Словените. Од Римјаните потекнува латиницата, а од Словените кирилицата.

(Иако во светската научна мисла е прифатено дека најстарите писма потекнуваат од Египет, Месопотамија и Асиро-вавилонија, сепак во Македонија се пронајдени артефакти со писмо слично на денешната кирилица, а старо 7000 години. Тоа е керамичкиот печат од неолитската населба Церје кај селото Говрлево, Скопско. На него пишува: Сал со Бога сум. Тој печат е доказ дека на територијата на Македонија се користело фонетско писмо и тоа најмалку пет милениума пред нашата ера. И не само тоа, печат е нешто што покажува организирано општество, држава. Печат се става на документи кои се заверуваат од повисок орган во општеството. Освен ова, содржината на печатот укажува на вербата на неолитскиот Македонец во Бог и тоа во еден и единствен.

Во современото општество постојат и друг вид писма. Тоа се: Брајова азбука[[|]] (Луј Брај) за слепи лица која се чита со допир и Морзеова азбука (Семјуел Морз) која може да се види (составена од точки и цртички), но и која може да се слушне (комбинација од кратки и долги звуци). Морзеовата азбука се пренесува во далечина со телеграфски апарат.

Види исто така[уреди]

Извори[уреди]

Македонски јазик и литература - прва година реформирано гимназиско образование