Македонска транскрипција на англискиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

За транскрипција (предавање) на англиските имиња и зборови во македонски се тргнува од нивниот приближен изговор. Бидејќи за ред англиски самогласки и согласки нема соодветни во македонскиот јазик, тие се адаптираат кон оние македонски гласови што им се донекаде блиски. Од овој принцип се отстапува при имиња влезени порано во македонскиот јазик со поинаква форма.

а[уреди | уреди извор]

Со а се предава англиската самогласка во имињата: Harlow — Харлоу, Jawa — Џава, Lancelot — Ланселот.

Исто така со а се предава англиската согласка во имињата: Butler — Батлер, Buckingham — Бакингем, Dublin — Даблин, Ruskin — Раскин, Russel — Расел, Sussex — Сасекс.

а или е[уреди | уреди извор]

Со а или со е се предава англиската самогласка во имињата: Banquo — Банко, Cabot — Кабот, Canada — Канада, Caxton — Какстон, Dallas — Далас, Hamilton — Хамилтон, Harry — Хари, Caedmon — Кедмон, Jackson — Џексон, Kathleen — Кетлин, Ramsey — Ремзи, Sandwich — Сендвич.

е[уреди | уреди извор]

Со е се предава англиската самогласка во имињата: Elliot — Елиот, Elsinore — Елсинор, Essex — Есекс.

Со е се предава и англиската самогласка што се добива како резултат на редукција на самогласките во неакцентирана положба (соодветна на тениот вокал во наши дијалекти): Berkley — Беркли, Bloomsbury — Блумзбери, Burns — Бернс, Burch — Берч, Churchill — Черчил.

Во други случаи истата самогласка се предава со буквата со која се пишува на англиски: Canaries — Канари, Edinburgh — Единбург, Jerram — Џерам, Virginia — Вирџинија, Burma — Бурма, Wordsworth — Вордсворт.

и[уреди | уреди извор]

Со и се предава англиската самогласка во зборовите: Eaton — Итон, Greenwitch — Гринич, Griffith — Грифит, Guildford — Гилдфорд, Hilton — Хилтон, Hitchcock — Хичкок, Keats — Китс, Leeds — Лидз, Peel — Пил.

у[уреди | уреди извор]

Со у се предава англиската самогласка во имињата: Googe — Гуџ, Goole — Гул, Goonhilly — Гунхили, Hooke — Хук, Woodbury — Вудбери, Worcester — Вустер.

о[уреди | уреди извор]

Со о се предава англиската самогласка во имињата: Cawdor — Кодор, Cork — Корк, Coventry — Ковентри, Crawley — Кроли, Dombey — Домби, Dorian — Доријан.

Дифтонзи[уреди | уреди извор]

Дифтонзите се предаваат на следниов начин:

  • ei се предава со еј: Heywood — Хејвуд, Jane — Џејн, James — Џејмс, Taylor — Тејлор, Wayne — Вејн, Yeats — Јитс.
Но: Wales — Велс (се изговара приблишно: Вејлз), Shakespeare — Шекспир (се извогара приближно: Шејспир).
  • ai се предава со ај: Byron — Бајрон, Brighton — Брајтон, Iowa — Ајова, Ivanhoe — Ајванхо, Michael — Мајкл, Pike — Пајк.
  • oi се предава со ој: Lloyd — Лојд, Joyce — Џојс.
  • со ов или со о се предава англискиот дифтонг во имињата: Dover — Довер, Goldwater — Голдвотер, Omaha — Омаха, O'Neil — О'Нил, Kronin — Кронин.
  • Дифтонзите во кои првиот дел е и, е, у, а вториот дел е темен вокал се предаваат со и, е , у: Lear — Лир, Pearson — Пирсон, Wearmouth — Вирмаут, Cary — Кери, Mary — Мери, Maryland — Мериленд.
Но: Sarah — Сара, Drury — Друри, Moore — Мур, Muir — Мјур, Muriel — Мјуриел, Truro — Труро.

g[уреди | уреди извор]

Буквата g пред e и i се предава со џ: Gerald — Џералд, Los Angeles — Лос Анџелес, а пред другите самогласки со г: Guiness — Гинис.

tch и ch[уреди | уреди извор]

Буквите tch и ch се предаваат како ч: Fletcher — Флечер, Sandwich — Сендвич.

w и v[уреди | уреди извор]

Иако се изговараат различно, буквите w и v се предаваат со в: Wilde — Вајлд, Warwick — Ворик, William — Вилијам, Ivory — Ајвори, Clive — Клајв.

Согласни групи[уреди | уреди извор]

Упростување[уреди | уреди извор]

Се упростуваат следниве согласни групи:

  • gn во н: Foreign — Форин.
  • kn во н: Knolles — Ноулз.
  • th во т Thomson — Томсон, Thackeray — Текери, или во д: Etherington — Едерингтон, Goldsworthy — Голдсворди.
  • wr во р: Wright — Рајт.

Разделба[уреди | уреди извор]

Согласните групи tl, tn, dn се разделуваат со самогласките о и е: Kettle — Кетел, Milton — Милтон, Croyden — Кројден.

Наставка на женски имиња[уреди | уреди извор]

Некои имиња од женски род на согласка добиваат наставка : Thames — Темза, Elizabeth — Елизабета, Irene — Ирена, Gerdtrude — Гертруда.

Извор[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]