Македонска транскрипција на персискиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Транскрипција (предавањето) на туѓите имиња со македонско писмо, по правило, се врши онака како што се изговараат имињата. Со изворното писмо тие се пишуваат само во научни изданија. При тоа нивните гласовни особености се прилагодуваат колку што е тоа можно кон гласовниот систем на македонскиот јазик, т.е. гласовите што ги има во македонскиот јазик се предаваат со македонски слични гласови.

Современиот ирански и дарски персиски јазик се пишуваат со модифицирана варијанта на арабицата (персиска азбука) со поинакви и изговори и повеќе букви, додека пак таџичкиот се пишува со кирилица.

Во современото персиско писмо, кратките самогласки (a, e, o) обично не се пишуваат; во текстовите се напишани само долгите самогласки (y, u, â). Ова, се разбира, создава извесни нејаснотии. Еве пример: зборовите керм „црв“, карам „великодушност“, керем „крем“, и кром „хром“ сите се пишуваат со „крм“. Читателот мора да го одреди зборот од контекстот. Арапските знаци за вокализација (харакат) се користат и во персискиот (некои знаци се читаат различно), но ова не помага. На пример, арапскиот знак дама се изговара како /у/, додека во иранскиот персиски се изговара како /о/. Овој систем не се користи во матичната персиска книжевност; главно се користи за учење на јазикот и во некои (но не сите) речници. Постојат и неколку букви кои персијците ги сметаат за 'арапски' иако тие си постојат во персиското писмо. Додека овие постојат, обично не се изговараат по арапски. Наместо тоа, се изговараат како ним слични персиски букви. Така имаме три функционално идентички букви 'з', три букви 'с', две букви 'т' и тн. Арапските букви се користат само ако зборот е позајмен од арапскиот јазик.

Транскрипција по букви од азбуката[уреди | уреди извор]

Следи транскрипција на гласовите на персискиот јазик во македонскиот гласовен систем со прилагодувања. Ова е транскрипција на буквите од персиската азбука, каде самогласките не се засебни букви.

Самостојна, почетна, средна и завршна се положби на буквата во рамките на еден збор, и буквата го менува обликот зависно од нејзината положба во зборот.

Самостојна Почетна Средна Завршна Име Латинична.
транслитерација
МФА Македонска
транслитерација
АAlef.PNG آ / ا алеф ā, a, ʼ [ɒ], [æ], [ʔ] а, е, ʼ
Be.png бе b [b] б
Pe.png پ пе p [p] п
Te.png те t [t] т
Se.png се s [s] с
Jim.png џим j / ǰ [ʤ] џ
Che.png چ‍ ‍چ‍ ‍چ че č / ch [ʧ] ч
He.png hā-ye hotti h [h] х
Khe.png хе x / kh [x] х
Dal.png дал d [d] д
Zal.png зал z [z] з
Re.png ре r [ɾ] р
Ze.png зе z [z] з
Zhe.png ژ же ž / zh [ʒ] ж
Sin.PNG син s [s] с
Shin.png шин š / sh [ʃ] ш
Sad.png сад s / ş [s] с
Zad.png ﺿ зад z [z] з
Ta.png та t [t] т
Za.png за z / z̧ / ẓ / ẕ [z] с
Eyn.png ејн ʻ / [ʔ] — / ʼ
Qeyn.png кејн gh / ġ, q- [ɣ], [ɢ-] г
Fe.png фе f [f] ф
Qaf.png каф gh / ġ, q- [ɣ], [ɢ-] к
Kaf.png каф k [k] к
Gaf.png гаф g [g] г
Lam.png лам l [l] л
Mim.png мим m [m] м
Nun.png нун n [n] н
Vav.png вав v / u [v] / [u] в / у
Ha-ye havvaz.png ха-је хаваз h [h] х
Ya.png је y , i [j] , [i] ј / и

Варијанти и комбинации на букви[уреди | уреди извор]

Во следнава таблица се преведени основните варијанти и комбинации на букви, кои имаат посебни ознаки.

Самостојна Почетна Средна Завршна Име Транс-
литерација
МФА
алеф маде ā [ɒ] а
ۀ хе је -eye / -eyeh [eje] -еје
лам алеф [lɒ] ла

Иако персискиот јазик го користи арапското писмо, при употребатра на одделни букви можат да се видат суштински разлики.

Означување на самогласки[уреди | уреди извор]

Во персискиот азбуката обично ги означува само согласките и (историските) долги самогласки (ā, ī, ū). За означување на кратките самогласки се употребуваат надзнаци и подзнаци, аналогни на арапските, но неколку од нив се разликуваат по изговор. Подолу во таблицата се дадени персиските и арапските имиња.

Постојат неколку варијанти на предавање на персискиот јазик со латинични букви. Во таблицата официјалната варијанта е дадена прва и е здебелена.

фонема
(МФА)
графема име на
дијакритика
латинична
транслитерација
кирилична
транслитерација
примери исклучоци
/æ/ َ , ا забар / фатха a, ä, æ е Yazd — Језд а: Казвин (Kazvīn), Хамадан
/ɒ/ آ , ا ā, â, å, A, a, aa а Fārs — Фарс
/e/ ِ , ا зир / кесра e е, Kermān — Керман и: Исфахан (Eşfahān)
/e/ eh Ganāveh — Генаве и: Бушир (Būshehr)
/i/ ی ī, i, ee, y и Shīrāz — Шираз
/o/ ا , ُ , و пиш / дама o о Hormozgān — Хормозган у: Кум (Qom), Лурестан (Lorestān)
/u/ و ū, u, oo, ou у Būshehr — Бушир
/ei/ ی ey, ei, ay, ai еј Khomeyn — Хомејн
/ou/ ْوُ ow, au оу Now Shahr — Ноушехр

Броеви[уреди | уреди извор]

Во персискиот јазик цифрите се исти како и стандардните арапски. По пишувањето можат да се разликуваат цифрите 4, 5 и 6. Во официјалната и деловна кореспонденција во Иран често се употребуваат и современи европски цифри. Цифрите во бројките се запишуваат од лево на десно.

0 — ٠
1 — ١
2 — ٢
3 — ٣
4 — ٤/۴
5 — ٥/۵
6 — ٦/۶
7 — ٧
8 — ۸
9 — ٩

صفر — сефр
يك — јек
دو — до
سه — се
چهار — чахар
پنج — панџ
شش — шеш
هفت — хафт
هشت — хашт
نه — нох

10 — ١٠ — да
100 —١٠٠ — сад
1000 —١٠٠٠ — хазар

11 — ١١ — јазда
12 — ١٢ — давазда
13 — ١٣ — сизда

20 — ٢٠ — бист
30 — ٣٠ — си
40 — ٤٠ — чехел

Поврзано[уреди | уреди извор]