Словенска Европа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Словенска Европа
Знаме
Главни градови Белград; Братислава; Варшава; Загреб; Киев; Љубљана; Минск; Москва; Подгорица; Прага; Сараево; Скопје; Софија;
Официјални јазици белоруски, босански, бугарски, македонски, полски, руски, словачки, словенечки, српски, украински, хрватски, црногорски, чешки.
Членство  Белорусија
 Босна и Херцеговина
 Бугарија
 Македонија
 Полска
 Русија
 Словачка
 Словенија
 Србија
 Украина
 Хрватска
 Црна Гора
 Чешка
Површина
 •  Вкупна 18.682.932 км2 
Население
 •  проценка за  г. 282,221,685 
БДП (ПКМ) проценка за  г.
 •  Вкупен 2,676,833 

Словенска Европа или словенски држави е регион во Европа каде живеат словенски народи и се зборуваат словенски јазици. Овој регион зазема територии од Средна Европа, Источна Европа и Југоисточна Европа. Словенската Европа ги вклучува државите: Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Полска, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Украина, Хрватска, Црна Гора и Чешка.

Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија имаат значително словенско население, во Естонија околу 28% од населението се Словени, во Латвија 34%, а во Литванија 14%. Покрај нив, словенско население живее и во Австрија, Азербејџан, Албанија, Германија (Лужица), Грција, Ерменија, Италија, Косово, Молдавија, Романија, Турција, Унгарија, Финска, и ширум Северна и Средна Азија.

Религија и култура[уреди | уреди извор]

Словенските народи и држави воглавни се поделени на два христијански правци, православие и католицизам. Оваа религиска поделба е јасно видлива меѓу Источните и Западните Словени, иако западна Украина била под силно влијание на католицизмот. Јужните Словени се поделени меѓу два христијански правци и исламот, па така Бугарија, Македонија, Србија и Црна Гора се доминантно православни, Словенија и Хрватска се католички, а Босна и Херцеговина е мнозински муслиманска ако се сметаат католицизмот и православието одделно, во спротивно државата нема доминантна религија.

Од културна гледна точка, Западните Словени политички и социјално се поблиску до западноевропските филозофски, уметнички, книжевни и архитектонски вредности. Источните Словени биле под влијание на Византија, половина од Јужните Словени под влијание на Византија, а подоцна поголемиот дел од нив бил под влијание на Отоманската Империја. Ова може да се види и според писмата кои се користат во државите, каде западнословенските држави (заедно со Словенија и Хрватска) користат латиница, додека останатите држави како Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора користат и латиница и кирилица, а Белорусија, Бугарија, Македонија, Русија и Украина користат само кирилица.

Држави[уреди | уреди извор]

држава изворно име население[1] површина во км2 GDP
($ милијарди)
главен град официјални јазици официјално писмо доминантна религија
 Белорусија Беларусь 9,503,807 207,595 45,126 Минск белоруски и руски кирилица христијанство
 Босна и Херцеговина Bosna i Hercegovina
Босна и Херцеговина
3,531,159 51,197 16,306 Сараево босански, српски и хрватски латиница и кирилица нема
 Бугарија България 7,364,570 110,994 52,418 Софија бугарски кирилица христијанство
 Македонија Македонија 2,022,547 25,713 10,424 Скопје македонски кирилица христијанство
 Полска Polska 38,512,000 312,679 482,920 Варшава полски латиница христијанство
 Русија Россия 142,856,536 17,075,200 1,560,000 Москва руски кирилица христијанство
 Словачка Slovenská republika 5,397,036 49,035 89,134 Братислава словачки латиница христијанство
 Словенија Slovenija 1,964,036 20,273 43,503 Љубљана словенечки латиница христијанство
 Србија Србија
Srbija
7,186,862 77,474 37,739 Белград српски кирилица и латиница христијанство
 Украина Україна 48,416,000 603,500 87,000 Киев украински кирилица христијанство
 Хрватска Hrvatska 4,284,889 56,594 51,945 Загреб хрватски латиница христијанство
 Црна Гора Crna Gora
Црна Гора
620,029 13,812 4,250 Подгорица црногорски латиница и кирилица христијанство
 Чешка Česká republika 10,562,214 78,866 196,068 Прага чешки латиница атеизам
Flag of the Kingdom of Yugoslavia.svg Вкупно: 282,221,685 18,682,932 2,676,833

Словенски симболи[уреди | уреди извор]

држава знаме грб држава знаме грб
Белорусија Flag of Belarus.svg
(опис)
Official coat of arms of the Republic of Belarus (v).svg
(опис)
Бугарија Flag of Bulgaria.svg
(опис)
Coat of arms of Bulgaria.svg
(опис)
Босна и Херцеговина Flag of Bosnia and Herzegovina.svg
(опис)
Coat of arms of Bosnia and Herzegovina.svg
(опис)
Македонија Flag of Macedonia.svg
(опис)
Coat of arms of the Republic of Macedonia.svg
(опис)
Полска Flag of Poland.svg
(опис)
Herb Polski.svg
(опис)
Приднестровие
(непризната)
Flag of Transnistria (state).svg
(опис)
Coat of arms of Transnistria.svg
(опис)
Русија Flag of Russia.svg
(опис)
Coat of Arms of the Russian Federation.svg
(опис)
Србија Flag of Serbia.svg
(опис)
Coat of arms of Serbia.svg
(опис)
Словачка Flag of Slovakia.svg
(опис)
Coat of arms of Slovakia.svg
(опис)
Словенија Flag of Slovenia.svg
(опис)
Coat of arms of Slovenia.svg
(опис)
Украина Flag of Ukraine.svg
(опис)
Lesser Coat of Arms of Ukraine.svg
(опис)
Хрватска Flag of Croatia.svg
(опис)
Coat of arms of Croatia.svg
(опис)
Црна Гора Flag of Montenegro.svg
(опис)
Coat of arms of Montenegro.svg
(опис)
Чешка Flag of the Czech Republic.svg
(опис)
Coat of arms of the Czech Republic.svg
(опис)
Flag of the Kingdom of Yugoslavia.svg
(опис)
Пансловенско знаме

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Според последните национални пописи.
  1.  Michael Fleischer: Niemcy, Europa, USA i Rosja w polskim systemie kultury, Wrocław 2004 (in Polish)

Поврзано[уреди | уреди извор]