Панславизам
Панславизмот[1] е движење од средината на XIX век, чија цел е обединување на сите словенски народи. Во фокусот бил Балканскиот Полуостров, каде што Јужните Словени биле под контрола на две големи империи, Австроунгарија и Отоманското Царство. Од страна на Руската Империја, односно СССР подоцна, панславизмот бил користен во политички пропагандни цели.
Потекло
[уреди | уреди извор]Панславистичките идеи за првпат биле изложени од страна на хрватите Винко Прибојевиќ (почеток на XVI век) и Јурај Крижаниќ (среднина на XVII век). Сепак, панславизмот како движење започнува како и пангерманизмот, од чувството за единство и национализам присутен и кај етничките групи под француска доминација за време на Наполеоновите војни. Првата панславистичка конвенција била одржана во Прага, 1848 година.
Најчесто користени симболи на панславизмот се панславистичките бои (црвено, бело, сино) и панславистичката химна "Хеј, Словени". Трите пансловенски бои кои ги симболизираат слободата и револуционерните идеи се јавуваат на знамиња на држави во кои словенската нација e застапена, како Русија, Чешка, Србија, Словачка, Хрватска, Словенија, Црна Гора, но и држави кои немаат словенски нации како Велика Британија, САД, Холандија, Филипини.
Наводи
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Оваа статија политика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|