Австро-Унгарија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Австроунгарија)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Австроунгарска Империја
Österreich-Ungarn (герм.)
Osztrák–Magyar Monarchia (унг.)
Империја

1867 – 1918
Civil Ensign Грб (1915)
Химна
Volkshymne (Боже чувај го Императорот)
Местоположба на Австроунгарската империја во 1913
Главен град Виена, Будимпешта
Јазици германски и многу локални јазици (пр. чешки, словенечки) во Цислејтанија
унгарски и латински во Унгарија
Вероисповед Католици (воглавно)
Уредување Монархија
Император
 -  1848-1916 Франц Јозеф I
 -  1916-1918 Карл I
Историски период Нов империјализам, Прва светска војна
 -  Компромисот од 1867 29 мај 1867
 -  Независност на Чехословачка 28 октомври 1918
 -  Независност на Кралство СХС 29 октомври 1918
 -  Распад 31 октомври 1918
Површина
 -  1910 676615 км²
Население
 -  1910 51390223 
     Густина 76 жит/км²
Валута Гулден
Круна (од 1892)
Минати
Следни
Австриска империја
Австрија
Унгарска Демократска Република
Прва Чехословачка Република
Втора Полска Република
Лемко-Руска Република
Украинска Народна Република
Западноукраинска Национална Република
Команчка Република
Кралство СХС
Кралство Србија
Банатска Република

Австро-Унгарија (на германски: Österreich-Ungarn, на унгарски: Osztrák-Magyar Monarchia) е поранешна монархија, односно позната и како Двојна Монархија, која се состоела од два дела - Цислеитанија (западниот дел) и Транслеитанија (источниот дел). Императорот на Австрија истовремено бил и крал на Унгарија. Оваа монархија постоела во периодот од 1867, кога Унгарија добила можност за автономија во рамките на империјата сè до нејзиното распаѓање во 1918 година, односно пред завршувањето на Првата светска војна, Австро-Унгарија била втората по големина држава во Европа, веднаш по Руската Империја и трета по население по Руската и Германско Царство. Во составот на империјата живееле Германци, Италијанци, Унгарци, Хрвати, Украинци, Бошњаци, Словенци, Срби, Руси, Романци итн.

Историја[уреди | уреди извор]

Австро-Унгарија била создадена во текот на 1867 година како резултат на реформите кои биле преземени во рамките на дотогашната Австриска империја, која од своја страна пак својата историја започнала да ја гради од 14 век. Во 1914 година, односно во Првата светска војна, влегла во составот на Централните сили заедно уште и со Германија, Турција и Бугарија.

Во текот на Првата светска војна Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9 000 000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војува на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси напредувајки во Русија.Подоцна кога и Кралството Италија влегло во војната на страна на Антантата, Австроунгарија забележала големи успеси и на италијанскиот фронт, поточно на битките кај реката Соча. Најголема победа Австроунгарската војска извојувала во Битката кај Капорето. Италијанците доживеале катастрофален пораз и биле приморани да се повлекуваат неколку километри, а Австроунгарците се доближиле опасно близу до Венеција.

Императори[уреди | уреди извор]

На врвот на Австро-Унгарија стоел австрискиот император кој бил и унгарски крал. Тој се служел и со други титули, како крал на Бохемија, или крал на Чешка). Хабсбургците се основната династија која владеела со империјата:

Распаѓање на империјата[уреди | уреди извор]

Истовремено, со поразот во војната, Австро-Унгарија како еден од условите била со сила распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главната причина се гледа во стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со кое повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австро-Унгарија.


Предлошка:Унгарија-ист-никулец Предлошка:Словачка-ист-никулец

Предлошка:Словенија-ист-никулец Предлошка:Чешка-ист-никулец