Грб на Србија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Србија
Варијанти

Мала верзија на грбот.
Подробно
ГрбоносецСрбија
Усвоен1882 (повторно усвоен во 2004)
ШтитЦрвено, помеѓу 2 златни цвета на крин, сребрен дво-глав орел со златен клун, јазик и канџи, над него црвен штит со сребрен крст помеѓу 4 сребрени огнила
Други елементиШтитот е крунисан со златна круна. Целото е под пурпурна голема мантија, со златни рабови и помпони, поставена со [[Ермелин (хералдика)|ермелин и крунисана со златна круна

Грбот на Србија е официјалниот грб во државата кој е ист со грбот на српското семејство Обреновиќи. Грбот прво се усвоил во 1882 година, додека повторно бил усвоен во 2004 година. Големиот грб се состои од плашт каде се наоѓа штит на кој има бел двоглав орел со круна над штитот.

Службениот опис за големиот грб е:

„Големиот грб е црвен штит на кој, помеѓу два златни кринови во основата, се наоѓа двоглав сребрен орел, златен вооружен и со исти јазици и нозе, со црвен штит на градите на кој има сребрен српски крст. Штитот е крунисан со златна круна и е покриен со порфир везен со злато, украсен со златни рабници, извезени со златна плетенка со ист вид реси, поставен со хермелин и крунисан со златна круна.“

Додека описот за малиот грб е

„Малиот грб е црвен штит на кој, помеѓу два златни кринови во основата, се наоѓа двоглав сребрен орел, златен вооружен и со исти јазици и нозе, со црвен штит на градите на кој има сребро крст помеѓу четири идентични парчиња со кои се соочува вертикалниот зрак на крстот. Штитот е крунисан со златна круна.“

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]