Грб на Сан Марино
Изглед
| Грб на Сан Марино | |
|---|---|
| Подробно | |
| Грбоносец | Република Сан Марино |
| Усвоен | 14 век |
| Мото | Libertas, латински за "слобода." |
Грбот на Сан Марино е официјалниот грб во оваа мала република. Грбот најверојатно потекнува од 14 век и се смета за симбол на слободата и независноста на оваа најстара република во светот. Грбот се состои од штит опколен со гранче даб и ловор. На штитот е претставена планина со трите познати санмарински кули. Над штитот се наоѓа круна а на дното се наоѓа лента со натпис слобода на латински.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ About the Republic of San Marino Архивирано на 18 февруари 2021 г., p. 6.