Грб на Ватикан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Светата Столица и
Градот Ватикан
Подробно
Штитцрвен

Грбот на Ватикан е блазониран црвено (геле), два вкрстени клуча (златен и сребрен), преплетени со гајтани, под папската тијара. Така, ова е едноставно амблем на папството поставен на црвено поле.

Симболика[уреди | уреди извор]

  • вкрстените клучеви од злато и сребро ги претставуваат клучевите од Небесното царство ветени од Господ на Свети Петар, со овластување да заклучува и отклучува (врзува и одврзува) (Матеј 16:18-19 Архивирано на 8 мај 2008 г.).
  • Тројната круна (тијара) ги претставува „трите моќи на врховниот понтиф: ракоположување, јурисдикција и магистериум“,[1] со други зборови: неговите функции како „врховен свештеник“, „врховен пастор“ и „врховен учител“.
  • Златниот крст над тројната круна го симболизира распетието на Исус.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]