Грб на Лихтенштајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб на Лихтенштајн
Подробно

Грбот на Лихтенштајн е официјалниот грб во кнежевството. Грбот е личен грб на кнезот и тој има исклучителни права за негово користење. Ако се користи грбот за интересите на државата, тогаш се дозволува и физички лица да го користат покрај владините институции. Грбот е составен од плашт со кралска круна на врвот и внатре во плаштот има штит поделен на неколку делови. Во секој дел се наоѓа симбол на територијата од Европа каде Лихтенштајн имал непосреден контакт преку војна или брак од кралската лоза. Првит дел од штитот е резервиран за симболот на Шлеска, вториот за Куенринг, третиот за Војводството Тропау, четвртиот за округот Ритберг во Источна Фризија. На дното се наоѓа симболот на Војводството Јегерндорф. Во центарот се наоѓа симболот на кнезот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]