Грб на Албанија
Грб на Албанија | |
---|---|
![]() | |
Подробно | |
Грбоносец | Албанија |
Штит | Штит со двоглав орел и шлем од Скендербег |
Грбот на Албанија е официјалниот грб во државата кој е дизајниран според знамето на Албанија. Грбот е составен од црвен штит со златни граници каде се наоѓа црн двоглав орел, елемент од знамето на Албанија, и над орелот се наоѓа шлемот на Ѓорѓија Скендербег.
Двоглавиот орел[уреди | уреди извор]
Во Албанија општо прифатена теза е дека знамето на Албанија, поточно двоглавиот орел е позајмен од печатот на Скендербег. Скендербег, поточно семејството Кастриоти, користеле двоглав црн орел со по една круна над секоја глава. Орелот е византиски, поточно орелот го користела византиската династија Палеолози.[1][2] Од страна на модерната албанска нација, орелот почнал да се употребува во доцниот 19 век и раниот 20 век. Како официјален симбол на Албанија за првпат бил употребен во 1912 година, кога Албанија станала независна.
Историски грбови[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Elsie 2001, "Eagles", p. 78 .
- ↑ Grumeza 2010, p. 99 ; Mucha, Crampton & Louda 1985, p. 36 .
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
Оваа статија за поврзана со Албанија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |