Грбот на Литванија е официјалниот грб на државата кој се состои од бел наоружан јавач или витез претставен на црвен штит. Грбот е познат под името витис или на литвански Vytis. Овој грб е еден од најстарите грбови во Европа кој е во употреба.[1] Овој грб потекнува од грбот на Пахонија и е сличен со поранешниот грб на Белорусија.