Пахонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пахонија
Coat of arms of Belarus (1918, 1991–1995).svg
Coat of arms of Lithuania.svg
Литванија
POL COA Pogoń Ruska.svg
Погон Руска
Подробно
Претходни варијантиGrand Ducal Coat of Arms of Lithuania.svg
Големо Војводство Литванија
УпотребаБелорусија (1991–1995)
Белоруска Народна Република (1918)

Пахонија (белоруски: Паго́ня; полски: Pogoń, литвански: Vytis) — историски грб на Големото Војводство Литванија, чија варијанта денес се користи на денешниот грб на Литванија. Исто така, грбот бил и официјален амблем на Белоруската Демократска Република во 1918 и на Република Белорусија од 1991 до 1995 година.

На 14 мај 2007 година Пахонија бил прогласен за културно наследство на Белорусија[1].

Опис[уреди | уреди извор]

Поимот може да биде преведен како „јуриш“ или „прогон“. Грбот покажува бел коњаник со меч во рака на бел коњ. Полето околу него е обоено во црвено. На штитот на коњаникот се наоѓа крст со златна бојна.

Употреба[уреди | уреди извор]

Грбот за прв пат се појавил како државен грб во регионот во 1329 година на печатот на војводата Александар Михајлович од Псков[2]. Тој бил пратеник на Гедимин во Псков, кој во тоа време бил дел од Големото Војводство Литванија. Истовремено, војводата Хлиб го користел и пахонија како свој грб[3].

Пахонија се појавил на државниот грб на Белоруската Демократска Република за краток временски период помеѓу 1918 и 1919 година. Западна Белорусија станала дел од меѓувоената Полска, а Пахонија бил употребен како симбол на неколку провинции кои имале значителни белоруски малцинства. Исто така, бил користен и од страна на западно-белоруските сепаратистички организации. За време на советско, грбот бил забранет и користен само од белоруски емигрантски заедници во САД, Канада и на други места. Во текот на Втората светска војна, Белоруската централна рада исто така го употребила симболот Пахонија.

Во доцните 1980-ти, за време на новата белоруска народна преродба, Белорускиот народен фронт го прифатила грбот како свој, и покрај тоа што нејзиниот јавен приказ претставувал кривично дело.

Во 1991 година, по распаѓањето на Советскиот Сојуз, Пахонија станал грб на независна Република Белорусија. Официјалниот дизајн на грбот на Белорусија од 1991 година бил создаден од тим уметници предводени од Југен Кулик[4][5]

Во 1995 година, по контроверзниот референдум, Александар Лукашенко го укинал статусот на Пахонија како официјален грб и го заменил со модифициран советски амблем. Симболот често се користи во антивладините протести од страна на опозицијата.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]