Грб на Обединетото Кралство

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кралски грб на Обединетото Кралство
Royal Coat of Arms of the United Kingdom.svg
Варијанти
Royal Coat of Arms of the United Kingdom (Scotland).svg
Кралскиот грб на Обединетото Кралство за Шкотска
Royal Coat of Arms of the United Kingdom (HM Government).svg
Грбот во употреба на Британската влада
Royal Coat of Arms of the United Kingdom (Government in Scotland).svg
Грбот во употреба на Министерството за Шкотска
Подробно
ГрбоносецЕлизабета II
Усвоен1837
ЧеленкаНад кралскиот шлем со златен плашт поставен со ермелин, царствена круна, над која има златен вперен стоечки лав царствено крунисан
ШтитМаршалување: Прво и четврото, црвено, 3 златни лавови вперени во од со сини канџи и јазици поставени вертикално (Англија), второ, златно, црвен разгневен лав во црвена двојна внатрешна бордура украсена со цвета на крин на двете страни (Шкотска), трето, сино, златна харфа со сребрени жици (Ирска); четвртините за Англија и Шкотска си ги менуваат местата на шкотскиот грб.
ДржачиДесно, златен вперен лав царствено крунисан, лево, сребрен еднорог со златни стапала, грива, и рог, и окрунат со златна круна украсена со тефтонски крстови и цвета на крина, на која е закачен ланец поставен помеѓу предните нозе и позади грбот
ПодножјеТјудорска роза, Детелина и Магарешки трн
Мотофранцуски: Dieu et mon droit
ОрдениШтитот е опркужен со Орденот на Подвеската
Претходни варијантивидете подолу
УпотребаНа сите парламентарни закони; корицата на британските пасоши; разни владини институции

Кралски грб на Обединетото Кралство (англиски: Royal Coat of Arms of the United Kingdom) — државен грб на британскиот монарх, моментално кралицата Елизабета II. Овој грб се користи од кралицата во својство на монарх, и како такви официјално се нарекува нејзин „Грб на власта“ (Arms of Dominion). Варијанти на кралскиот грб користат други членови на кралското семејство; како и британската влада во врска со администрација и управување со земјата. Во Шкотска кралицата користи посебна верзија на кралскиот грб, варијанта која се користи во Министерството за Шкотска (наречено Scotland Office).

Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина прикажани се по три лава на Англија; во втората, лав обрабен со кринови за Шкотска; а во третиот пак, харфа за Ирска.

Челенката е лав кој ја носи царска круна, која самата е друг приказ на таа круна.

Левиот штитодржач е исто така крунисан лав, кој ја симболизира Англија; левиот штитодржач е еднорог, кој ја симболизира Шкотска. Според една легенда еднорогот се смета за многу опасна ѕверка; затоа хералдичкиот еднорог е опкован со ланец,[1] како што се двата еднорози-штитодржачи на кралскиот грб на Шкотска.

На долниот дел од грбот стои мотото на англиските монарси, Dieu et mon droit („Бог и моето право“), како и мотото на Редот на Подвеската, Honi soit qui mal y pense („Срам да му е на тој што лошо мисли“) на приказ на подвеската зад штитот.

Шкотска[уреди | уреди извор]

Кралицата има посебна верзија на грбот за Шкотска, каде шкотските елементи имаат почесно место.

Штитот е маршалуван - во првата и четвртата четвртина е прикажан лавот на Шкотска; во вториот, трите лава на Англија, додека во третиот се неоѓа харфата на Ирска.

Челенката без круната на Шкотска е црвен лав кој седи и гледа напред, а самиот ја носи шкотската круна и ги држи другите два елемента на шкотските обележја, имено Државниот мел и Жезолот на Шкотска. Вака изгледала и челенката на грбот на Кралството Шкотска. Според традицијата на шкотската хералдика, мотото стои над челенката и е напишано на шкотски во скратена форма на полното мото: In My Defens God Me Defend.

Штитодржачите стојат на спротивни страни и двата ги носат круните на нивните кралства. Левиот штитодржач е крунисан и опкован со ланци енорог, кој ја симболизира Шкотска. Десниот штитодржач е крунисан лав, која ја симболизира Англија. Помеѓу секој штитодржач и штитот стои копје (ланцета) на кое е истакнато знамето на секое кралство.

На грбот стои и мотото Nemo me impune lacessit („Никој не ме повредува неказнет“) како и, околу штитот, the околувратникот на Орденот на Црниот Трн.

Други земји во Обединетото Кралство[уреди | уреди извор]

Официјалната ирска кралска челенка речиси никогаш не се појавува на грбот на Обединетото Кралство, бидејќи, за разлика од Унитарниот Акт од 1700 г. со Шкотска, Унитарниот Акт од 1800 г. со ирска не предвидува посебна ирска верзија на кралскиот грб.

Меѓутоа четвртината со харфа е симбол на Ирска на обете варијанти на грбот. Поради ова, во шкотската верзија останува само една англиски четвртина, а во англиската останува само една шкотска четвртина. Така, Англија, Шкотска и Ирска се претставени на сите верзии на кралскиот грб од времето кога сите тие потпаднале под еден владетел.

За разлика од ова, на кралскиот грб го нема Велс, бидејќи со Унитарниот Акт од 1707 г. Велс се сметал за составен дел на Англија согласно т.н. Акт за Велшките закони 1535-1542, и така може да се каже дека Велс веќе е претставен на англискиот грб. Велс бил кралство под власта на велшките кралеви, од кои некои го обединиле под една круна, но со англиските освојувања Велс престанал да постои како правен ентитет. Оттогаш, наследник на монархот е Принцот од Велс.

Со доаѓањето на власт на Тјудорските кралеви и кралици, кои самите биле од велшко потекло, велшкиот змеј почнал да се употребува како штитодржач за кралскиот грб. Нивните наследници ова го отстраниле, па шкотската династија Стјуарти го замениле тјудорскиот змеј со шкотски еднорог како штитодржач.

Во XX век, грбот на кнежевството Велс бил додаден како подштит (мал штит) кон грбот на Принцот од Велс. Како негова лична стандард, во Велс се вее знаме со тој грб, со зелен подштит со неговата круна. Таканреченото Перје на Принцот од Велс е хералдичка значка, а не грб на штит, но во секој случај ова не е велшки симбол. Перјето води потекло од англиските принцови на Велс (кои пак ова му го должат на подвиготна Едвард, Црниот Принц во Битката кај Креси) и носи германско мото. Во секој случај, перјето не е дел од кралскиот грб, а Принцот од Велс од него се откажува кога ќе стане крал.

Употреба[уреди | уреди извор]

Кралскиот грб на порта на Бакингемската палата, Лондон

Кралскиот грб како што е прикажан погоре може да го користи само самата кралица. Тој исто така може да се најде и во судниците, since бидејќи во Обединетото Кралство монархот е извор на право и судот е дел од дворот на владетелот (затоа на англиски court значи и „двор“ и „суд“). Судиите официјално се претставници на Круната, и затоа зад судијата на ѕидот стои кралскиот грб.

Британската влада исто така го употребува кралскиот грб како национален симбол на Обединетото Кралство, и, во тоа својство, грбот може да се види на разни владини документи и формулари, пасоши, на амбасади и конзулати итн. Меѓутоа, кога е во употреба на владата, а не на самиот владетел, тогаш грбот е прикажан без шлем. Ова е случај и со шкотскиот грб, верзија во употреба на Министерството за Шкотска.

Кралскиот грб редовно се појавувал на монети Кралската ковачница меѓу кои, на пример, од 1663, Гвинејата и, од 1983 наваму, монетата од £1. Во 2008, Кралската ковачница има издадено серија нови дизајни за сите седум монети од £1 и надолу, од кои секоја го содржи кралскиот грб. Целосниот кралски грб стои на монетата од една фунта, на другите помали монети стојат негови делови, така што би можеле заедно да се состават како сложувалка и повторно да го сочинат целиот грб.[2]

Кралицата доделува Кралски повластици на разни фирми кои го снабдуваат кралското семејство. Со ова фирмите можат да го истакнуваат кралскиот грб на нивните продавници, производи и репроматеријали.

Кралскиот стандард е знаме со мотиви од грбот, кое се вее кога кралицата престојува во дворецот, како и на јавни згради само кога е присутна кралицата. Во кралските резиденции како во замокот Виндзор или Бакингемската палата, главната резиденција на кралицата, кралскиот стандард се вее со цел да се покаже дека кралицата престојува таму. Овој протокол подеднакво важи и за резиденциите на кралицата во Шкотска, (Холирудската палта и замокот Балморал), каде се вее кралскиот стандард за Шкотска. Кога монархот не престојува, се вее државното знаме, а пак во Шкотска се вее древниот кралски стандард на Шкотска.

Кралскиот грб се користи и како симбол на судовите на Британска Колумбија, Канада.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Денешниот кралски грб е комбинација од грбовите на кралствата кои го сочинуват Обединетото Кралство, и можат да се проследат сѐ до првиот грб на кралевите на Англија и кралевите на Шкотите. Низ годините се јавуваат разни промени, особено со придодавање на грбовите на други освоени или барани територии. Оваа таблица ги проследува промените во кралскиот грб од првите грбови на кралот на Англија, Хенри II и кралот на Шкотите, Вилијам I.

Кралство Англија Кралство Шкотска
Грб Употребуван Подробности
Royal Arms of England.svg 1154 - 1189 Првиот познат кралски грб на Англија, со златен лав на црвено поле, за првпат користен од кралот Хенри II.
Royal Arms of England (1189-1198).svg 1189 - 1198 Првиот грб на Ричард I „Лавовско Срце“, два златни лава на црвено поле.
Royal Arms of England.svg 1198 - 1340 Породцнежниот грб на Ричард I „Лавовско Срце“, со три златни леопарди или лавови на црвено поле.[4]
Royal Arms of England (1340-1367).svg 1340 - 1367 Едвард III го маршалувал кралскиот грб на Англија со древниот грб на Франција, кринот на сино поле, за да го прикаже неговото барано право на францускиот престол.[4]
Royal Arms of England (1395-1399).svg 1367 - 1399 Ричард II го додал древниот печат на кралот Едвард Исповедникот.[4]
Royal Arms of England (1399-1603).svg 1399 - 1422 Хенри IV го обновил францускиот грб кон денешната верзија, три крина на сино поле.[4]
Royal Arms of England (1470-1471).svg 1422 - 1461 Хенри VI го здружил францускиот и англискиот грб.[1]
Royal Arms of England (1399-1603).svg 1461 - 1470 Едвард IV го вратил грбот на Хенри IV.
Royal Arms of England (1470-1471).svg 1470 - 1471 Хенри VI го вратил здружениот француско-англиски грб со неговото враќање на престолот.
Royal Arms of England (1399-1603).svg 1471 - 1554 Едвард IV го вратил својот грб кога повторно го зазел престолот.
Royal Arms of England (1554-1558).svg 1554 - 1558 Мери I го здружила нејзиниот грб со оној на нејзинот сопруг, кралот на Шпанија Филип II.[4] Иако таткото на кралицата Мери, Хенри VIII, ја зел титулата „Крал на Ирска“ и таа потоа прешла на кралот Филип, самиот грб не бил сменет за да го прикаже Кралството Ирска.
Royal Arms of England (1399-1603).svg 1558 - 1603 Елизабета I го вратила грбот на Хенри IV.[4]
Грб Употребуван Подробности
Royal Arms of the Kingdom of Scotland.svg XII век - 1558 Црвен лав на жолто поле со двојна кралска ризница, со наизменични кринови, за првпат употребен од Вилијам I, а подоцна од неговите наследници, па така станал хералдички симбол на Шкотска.
Royal Arms of the Kingdom of Scotland (1558-1559).svg 1558 - 1559 Мери I, Кралица на Шкотите го здружила со грбот на Франсоа, Дофен на Франција, Сопружен крал на Шкотите.[5].
Royal Arms of the Kingdom of Scotland (1559-1560).svg 1559 - 1560 Мери I, Кралица на Шкотите и сопружна кралица на Франција.
Royal Arms of the Kingdom of Scotland (1560-1565).svg 1560 - 1565 Мери I, Кралица на Шкотите и Кралска вдовица на Франција.
Royal Arms of the Kingdom of Scotland.svg 1565 - 1603 Со нејзиниот (втор) брак со Хенри Стјуарт, Лорд Дарнли во 1565, Мери го укинува франко-шкотскиот грб и го враќа грбот на Кралството Шкотска[6]. Кралот Џејмс VI е последниот шкотски монарх кој го користел овој грб пред Унијата на Круните во 1603 г.
Унијата на Круните ги става Англија, Ирска и Шкотска под власта на еден владетел
Грб Употребуван Подробности
Coat of Arms of England (1603-1649).svg
1603 - 1649 Џејмс VI, Крал на Шкотите го наследува англискиот и ирскиот престол во 1603, (Унија на Круните), и го маршалува кралскиот грб на Англија со кралскиот грб на Шкотска. За првпат, кралскиот грб на Ирска станува дел од грбот за да го претставува Кралството Ирска.[4] (Шкотската верзија се разликува со тоа што шкотските елементи се најистакнати).
Coat of Arms of the Commonwealth of England.svg
1649 - 1660 Англиски Интеррегнум

За време на Државната заедница и Протекторатот се менуваат грбовите, кои сега се состојат од грбот на Англија, Шкотска и Ирска маршалувани со грбот на Оливер Кромвел на штит во средиштето.[4]

Coat of Arms of England (1660-1689).svg
1660 - 1689 Чарлс II го вратил кралскиот грб.
Coat of Arms of England (1694-1702).svg
1689 - 1702 Кралот Џејмс II & VII е сменет со неговата ќерка Мери и нејзиниот сопруг, Вилијам, Принц Орански кој владеел заедно со Вилијам III & II и Мери II. Бил додаден и штитот на Насау (династијата на Вилијам) (златен лав на сино поле).[4]
Coat of Arms of England (1702-1707).svg
1702 - 1707 Кралицата Ана го наследува престолот со смртта на кралот Вилијам III & II, и така кралскиот грб се враќа на неговата верзија од 1603 г.[4]
Coat of Arms of Great Britain (1707-1714).svg
1707 - 1714 Со Унитарниот Акт од 1707 г. е создадено Кралството Велика Британија (1707-1800). Кралските грбови на Англија и Шкотска се здружени и поместени на првиот и четвртата четвртина, Франција на втората, а Ирска на третата.[4]
Coat of arms of Great Britain (1714–1801).svg
1714 - 1801 Изборен кнез на Хановер го наследува престолот со смртта на Кралицата Ана согласно Актот за Престолонаследството од 1701 г., и така станува Крал Џорџ I. Четвртата четвртина од грбот бил променет за да ги прикаже новите поседи на кралот: Хановер (Брауншвајг-Линебург-Вестфалија, надвиснато со царската круна на Светото Римско Царство за светата римска функција Главен зманеносец/Главен ризничар).[4]
Coat of Arms of the United Kingdom (1816-1837).svg
1801 - 1837 Унитарниот Акт од 1801 г. ги обединува кралствата Велика Британија и Ирска. Кралот Џорџ III се откажува од древното барање за право врз францускиот престол. Кралскиот грб се менува, со тоа што сега Англија стои на првата четвртина, Шкотска на втората, и Ирска на третата. За Изборното кнежевство Хановер има подштит врз кој стои кнежевска капа. Во 1816 г. таа била заменета со кралска круна, бидејќи Хановер бил прогласен за кралство.[4]
Coat of arms of the United Kingdom (1837-1952).svg
1837 - денес Со крунисувањето на Кралицата Викторија завршува персоналната унија помеѓу Обединетото Кралство и Хановер, бидејќи Салискиот законик налага дека на хановерскиот престол не може да дојде жена. Штитот на Хановер е тргнат, а кралскиот грб останува ист.[4] Со стекнувањето на британскиот монарх на други титули, како да пример Цар на Индија, не се направиле обиди за промена на грбот. Харфата на Кралството Ирска останува на грбот, и покрај расцепот во 1921 и фактот што наследникот на Ирската Слободна Држава, Република Ирска го напушта Британскиот Комонвелт во 1948. Кралскиот грб не содржи конкретни елементи за Северна Ирска или Велс, бидејќи тие не се кралства. Северна Ирска и денес останува административна единица на Обединетото Кралство, составена од деветте грофовии во Алстер (провинција на Кралството Ирска). Велс пак, некогаш независно кнежевство, потпаднало под Кралството Англија по англиските освојувања. Меѓутоа, Принцот од Велс има грб за Велс во средиштето на неговиот личен грб. (Во Шкотска се користи посебна верзија на кралскиот грб).

Други варијанти[уреди | уреди извор]

Кралско семејство[уреди | уреди извор]

Членовите на британското кралско семејство добиваат свои лични грбови засновани на кралскиот грб. Само деца и внуци на монархот по машка линија имаат право на ваков грб. Грбовите на децата на монархот се одликуваат со тризабен ремен; внуците пак врз грбот имаат петзабен ремен. Исклучок од ова е најстариот син на Принцот од Велс, кој добива трозабен ремен. Од 1911, на грбот на Принцот од Велс стои и подштит (мал штит) со древниот грб на Кнежевството Велс.

Сопругите на монарсите и нивните синови исто така добиваат свои лични грбови. Обично ова е грбот ан сопругот здружен со нејзин личен грб или татковиот грб. Меѓутоа сопрузите на владеачки кралици немаат право да го користат кралскиот грб. Затоа Принцот Филип, Војводата од Единбург користи свој личен грб.

Следниве членови на кралското семејство моментално имаат грб заснован на кралскиот грб:

Деца и внуци на монархот по машка линија
Грб/Стандард Носител Разлика
Coat of arms of the Prince of Wales.svg НКВ Принцот од Велс Прост трозабен ремен со подштит од грбот на Кнежевството Велс.[4]
Coat of Arms of William, Duke of Cambridge.svg НКВ Принцот Вилијам од Велс Трозабен ремен со црвена школка, приспомнувајќи го грбот на неговата мајка, Леди Дијана Спенсер.
Coat of Arms of Harry, Duke of Sussex.svg НКВ Принцот Хари од Велс Петозабен ремен со три црвени школки на наизменични запци.
Coat of Arms of Andrew, Duke of York.svg НКВ Војводата од Јорк Трозабен ремен, со сина котва во средиштето.[4]
Coat of Arms of Beatrice of York.svg НКВ Принцезата Беатриса од Јорк Петозабен ремен со три пчели на наизменични запци.
Coat of Arms of Eugenie of York.svg НКВ Принцезата Евгенија од Јорк Петозбен ремен со три магарешки трна на наизменични запци.
Coat of Arms of Edward, Duke of Edinburgh.svg НКВ Ерлот од Весекс Трозабен ремен, со тјудорска роза во средиштето.
Coat of Arms of Anne, the Princess Royal.svg НКВ Кралската Принцеза Трозабен ремен, со три црвени крста и црвено срце на нив.[4]
Coat of Arms of Richard, Duke of Gloucester.svg НКВ Војводата од Глостер Петозабен ремен, првиот, третиот и петтиот заб со црвен крст, додека вториот и четвртиот се со црвен лав.[4]
Coat of Arms of Edward, Duke of Kent.svg НКВ Војводата од Кент Петозабен ремен, првиот третиот и петтиот заб со сина котва, додека вториот и четвртиот со црвен крст.[4]
Coat of Arms of Michael of Kent.svg НКВ Принцот Мајкл од Кент Петозабен ремен, првиот, третиот и петтиот заб со црвен крст, додека вториот и четвртиот со сина котва.[4]
Coat of Arms of Alexandra, The Honourable Lady Ogilvy.svg НКВ Принцезата Александра Петозабен ремен, првиот и петтиот заб имаат црвено срце, вториот и четвртиот имаат сина котва, додека третиот има црвен крст.[4]
Сопружници
Coat of Arms of Camilla, Duchess of Cornwall.svg НКВ Војвотката од Корнвол Грбот на Принцот од Велс здружен со грбот на татко ѝ, Мајор Брус Шенд, крунисан со single-arched круната на Принцот од Велс.[7]
Coat of Arms of Sophie, Countess of Wessex.svg НКВ Грофицата од Весекс Грбот на Ерлот од Весекс здружен со нејзин личен грб.

Влада[уреди | уреди извор]

Верзијата во употреба на Британската влада
Верзијата во употреба на Министерството за Шкотска

Британската влада користи верзија на кралскиот грб без шлем и челенка, и како резултат на тоа круната стои врз штитот. За сето она што се однесува до Шкотска, Министерството за Шкотска ја употребува шкотската верзија, и тука без шлем и челенка.

Грбот стои на:

Се користи само од следниве владини институции:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Хералдички вајар| Пристапено на 29 април 2008
  2. Нови британски монети (англиски)
  3. Судови на Канада (англиски)
  4. 4,00 4,01 4,02 4,03 4,04 4,05 4,06 4,07 4,08 4,09 4,10 4,11 4,12 4,13 4,14 4,15 4,16 4,17 4,18 4,19 4,20 Brooke-Little, J.P. FSA (1978) [1950]. Boutell's Heraldry (Revised. изд.). London: Frederick Warne LTD. стр. стр. 205-222. ISBN 0-7232-2096-4.
  5. Франко-шкотските монети на Мери Стјуарт и Франсоа II Архивирано на 26 февруари 2008 г. (англиски)
  6. Шкотски монети ~ Мери (1542 - 1567)[мртва врска] (англиски)
  7. БиБиСи вести - „Откриен грбот на Камила“ (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Грб на Обединетото Кралство“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).