Штитодржач

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Штитодржачихералдички фигури кои обично стојат од обете страни на штитот и се прикажани како го држат. Овие фигури можат да бидат вистински или измислени животни, луѓе, а во ретки салучаи растенија и предмети. Често тие имаат локално значење, како европската жена и маорскиот главатар на грбот на Нов Зеланд, или пак се историска врска, како на пример лавот на Англија и еднорогот на Шкотска на двете варијанти на грбот на Обединетото Кралство. Грбот на нутриционистот Џон Бојд Ор има два житни снопа како штитодржачи, грбот на американскиот воен брод Доналд Кук го држат проектили, а грбот на градот Рио Гранде до Норте, Бразил има две дрва.[1] Шпанскиот град Валенсија на својот грб има две букви кои служат како штитодржачи.

Човечките штитодржачи можат да бидат и алегорични фигури, или пак поретко, конкретни поединци.[2]

Во највеќето случаи штитот го држат две фигури од секоја страна, но постојат случаи каде има само еден штитодржачи поставен зад штитот. Грбот на Конго е неверојатно необичен пример, со неговите штитодржачи кои се издаваат од задната страна на штитот.[3] Додека ваквите единечни штитодржачи обично се орли (на пр. на градот Перт, Шкотска)[4] со една или две глави, постојат и други примери, како катедрата на грбовите на некои канадски катедрали.[5] Друга крајност се уште поретките случаи како грбот на шкотското семејство Дандас од тој Илк, кој има три штитодржачи; два обични црвени лава и сето тоа поддржано уште од саламандер. Грбот на Исланд има дури четири штитодржачи.[6]

Овластување[уреди]

Канада[уреди]

Во Канада, кавалерите на Орденот на Канада, кои добиваат звање „Пречесен“, а на здруженијата им се дава право на користење штитодржачи на нивниот грб. Покрај ова, по повод пензионирањето од функцијата Главен хералд, Роберт Вот добил штитодржачи како почесна награда.[7]

Нов Зеланд[уреди]

Главните кавалери и витезите-велекавалери на Орден за заслужност на Нов Зеланд добиваат право на хералдички штитодржачи.

Обдинето Кралство[уреди]

Во Обединетото Кралство, штитодржачите обично се пример за особена кралска благонаклоност, доделени по налог на суверениот.[8] Наследните штитодржачи обично се резервирани за наследни перови, извесни членови на кралското семејство, поглавари на шкотски кланови, и шкотски феудални барони чии баронства датираат од пред 1587 г. Ненаследни штитодржачи се доделуваат на доживотни перови, витези и дами на Редот на Подвеската и Редот на Црниот Трн, како и Великокрсни (највиши) витези и дами на Редот на Бањата, Ред на Св. Михаил и Св. Ѓорѓи, Кралскиот Викторијански ред, и Редот на Британската Империја. Банеретите исто така добивале ненаследни штитодржачи, но таков витез нема прогласено уште од врмето на Чарлс I. Штитодржачи се доделуваат и на здруженија кои имаат Кралска повелба.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Видете исто така[уреди]