Лав
Лав Период: ран плеистоцен до денес | |
---|---|
![]() | |
Мажјак | |
![]() | |
Женка (лавица) | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Ред: | Ѕверови |
Семејство: | Мачки |
Потсемејство: | Големи мачки |
Род: | Пантери |
Вид: | P. leo |
Биномен назив | |
Panthera leo (Лине, 1758) | |
![]() | |
Историска (црвено) и сегашна (сино) распостранетост на лавот. | |
![]() | |
Дистрибуција на лавови во Индија: Шумата Гир, во Гуџарат, е последниот природен опсег од окулу 400 диви aзијски лавови. Се планира да се пренесат некои од лавовите во светилиштето „Kuno Wildlife“ во близина на Мадја Прадеш. | |
Синоними | |
Linnaeus, 1758 |
Лав (науч. Panthera leo) — една од четирите големи мачки од родот Panthera, и член на семејството Felidae. Некои машки примероци надминуваат 250 кг во тежина, со што лавот е втора најголема мачка која живее на земјата по тигарот. Дивите лавови живеат слободно во природата во Супсахарска Африка, и во Азија со критично загрозена популација во северозападна Индија, а во минатото лавови живееле во Северна Африка, Блискиот Исток, и Западна Азија. Сè до доцниот Плеистоцен, кој траел до пред 10,000 години, лавот бил најраширен копнен цицач по човекот. Тие се најдени во поголем дел од Африка, голем дел од Евроазија од западна Европа до Индија, и во Америка од Јукон до Перу.
Лавот во природа живее од 10 до 14 години, додека во заробеништво може да живее над 20 години. Во дивина, машките лавови честопати живеат подолго од 10 години, иако борбите со соперниците предизвикуваат повреди. Лавот живее во саваната и тревници, иако може да се најде и во грмушки и во шума. Лавовите се необично друштвени животни во споредба со другите мачки. Група женски лавови обично ловат заедно.
Лавот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]
Лавот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како:
- „Како петелот се тепал со лавот“ – приказна на африканското племе Акамба.[1]
- „Опашката на лавот“ – приказна на африканското племе Коса.[2]
- „Човекот, лавот и зајакот“ – приказна на африканското племе Басумбва.[3]
- „Лавот и глушецот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[4]
- „Лавот и бикот“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[5]
- „Лавот, петелот и магарето“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[6]
- „Лавот и глушецот (2)“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.[7]
- „Јарецот, бикот и лавот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[8]
- „Лавот и магарето“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[9]
- „Лавот, магарето и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[10]
- „Лавот и мечката“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[11]
- „Лавицата и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[12]
- „Лавот, глушецот и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[13]
- „Лавот и човекот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[14]
- „Лавот, волкот и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[15]
- „Лавот и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[16]
- „Магарето, петелот и лавот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[17]
- „Лавот и зајакот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[18]
- „Волкот и лавот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[19]
- „Лавот и глушецот“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.[20]
- „Лавот и кобрата“ (The Lion and the Cobra) - албум на ирската поп-пејачка Шинејд О'Конор од 1987 година.[21]
- „Лавот Џо“ (Joe the Lion) - песна на англискиот пејач Дејвид Боуви од 1977 година.[22]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 145-147.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 168-169.
- ↑ Бајке са југа Африке. Београд: Народна књига, 1964, стр. 183-184.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 10.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 36.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 88.
- ↑ Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 91.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 71.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 97.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 99.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 91-92.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 94.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 50.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 16.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 90.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 73-74.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 72.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82-83.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 67.
- ↑ Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 68-69.
- ↑ YouTube, Sinéad O'Connor - The Lion and the Cobra (1987 - full album) (пристапено на 11.5.2016)
- ↑ YouTube, David Bowie Joe The Lion (HQ) (пристапено на 5.5.2017)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|
- Ранливи видови според МСЗП
- Мачки
- Цицачи на Африка
- Национални симболи на Бурунди
- Национални симболи на Чад
- Национални симболи на Кенија
- Национални симболи на Малави
- Национални симболи на Мароко
- Национални симболи на Сиера Леоне
- Национални симболи на Сингапур
- Национални симболи на Шри Ланка
- Национални симболи на Есватини
- Национални симболи на Република Конго
- Национални симболи на Того
- Таксони опишани од Карл Линеј