Зоолошка градина Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зоолошка градина Скопје
Влезот на зоолошката градина
Отворена1926
МестоГрадски парк, Скопје, Македонија
Површина12 ха
Координати42°00′25″ СГШ; 21°25′01″ ИГД / 42.007078° СГШ; 21.41687° ИГД / 42.007078; 21.41687Координати: 42°00′25″ СГШ; 21°25′01″ ИГД / 42.007078° СГШ; 21.41687° ИГД / 42.007078; 21.41687
Бр. на животни500
Бр. на видови85
Мреж. местоzooskopje.com.mk

Зоолошката градина Скопјезоолошка градина во Скопје, формирана во 1926 г. од страна на тричлена комисија со која раководел д-р Станко Караман[1]. Во истата 1926 година е предложено денешното место која во тоа време опфаќала 4 хектари површина, а градината располагала со скромен број на животни кои претежно биле добиени како подарок.

Со решение на Градското собрание во 1965 година и со донесувањето на елаборатот во 1966 година за ново урбанистичко решение, Зоолошката градина Скопје го добива денешниот изглед. Денес, градината е сместена на површина од 12 ха и располага со 503 животни, од кои: 261 птица од 36 вида, 230 цицачи од 42 вида и 16 влекачи од 8 вида. Основни дејности на градината се: културна, образовна и научна, а нејзина основна цел е да ги чува, одгледува и презентира живите експонати и истите да ги направи достапни за пошироката јавност.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Урошевиќ, Влада (1988). Скопски раскази. Мисла. 

Галерија[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]