Ристо Давчевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ристо Давчевски (1935-2009) бил македонски поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, писател за деца.

Биографија[уреди | уреди извор]

Ристо Давчевски е роден е во с. Долни Дисан, Неготинско на 6 март 1935 година. Студирал на Филозофскиот факултет. Работел како уредник во Македонското радио. Член на ДПМ од 1971 година. Автор е на книгите: Дождовни капки (поезија за деца, 1964), Далечна прошетка (раскази за деца, 1965), Дремко и Спанко (едночинки, 1970), Бескрајна приказна (раскази, 1972), Мустаќите на генералот Рококајко (комедија, 1972), Сказна за притвореното чудовиште (повест, 1973), Граѓаните од Јадиград (приказни, 1980), Поход на сончогледите (едночинки, 1985), Важно е другите што ќе речат (басни, 1985), Собир на враните (басни, 1988), Волшебна сликовница (сказна, 1989), Изедени прогнози (поезија, 1990), Раните на љубовта (роман, 1991), Која е добрата мајка (роман, 1992), Внукот на Итар Пејо (роман, 1993), Старецот со дамкаво лице (роман, 1994), Дворец на опачини (драмска трилогија, 1995), Мачори на панаѓур (радиодрами, 1995), Весела сцена (едночинки, 1995), Сонети за мама (поезија, 1996), Авантурите на дедо Мраз (сказна, 1997), Принцот Кристијан (роман, 1998), Маршот на зелените (роман, 2000). По тешко боледување починал на 14 септември 2009 во Скопје[1].

Наводи[уреди | уреди извор]