Род (биологија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Во биологијата, род (лат. genus, мн. genera) е ниж таксономски ранг со кој се класификуваат живите и изумрени организми.

Разните нивоа на системот на научна класификација. Живот Домен Царство Колено Класа Ред Фамилија Род Вид

Зголеми
Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

Определувањето на членовите на родовите е работа на таксономите. Стандардите за родовите не се строго утврдени и затоа постојат разни класификации кај разни стручњаци. Во хиерархијата на биономната класификација, родот е над видот и под фамилијата.

Напатствија[уреди]

Бидејќи не постојат строго утврдени правила за опишувањето на родовите, таксономите немаат јасни напатствија за тоа што може да припаѓа на еден род, а што на друг. Ова не значи дека таксономите не се согласуваат за тоа што е „добар“ род. На пример, биологот Гил дава некои приближни правила што се доста ефикасни.[1] Според овие правила, едне род треба да исполни три услови за да биде описно корисен:

  1. монофилија – сите потомци на еден таксон се групираат заедно;
  2. разумен степен на компактност – родот не треба да се проширува без потреба; и
  3. посебност – во однос на еволутивно релевантните критериуми, како на пр. екологијата, морфологијата или биогеографијата. Треба да се има на ум дека ДНК-низите се последица од, а не услов за раздвојување на еволутивните лози, освен во случаи кога непосредно му попречуваат на протокот на гени (на пр. понаследни пречки).

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Gill, F. B., B. Slikas, and F. H. Sheldon. “Phylogeny of titmice (Paridae): II. Species relationships based on sequences of the mitochondrial cytochrome-b gene.” Auk 122(1): 121-143, 2005. (Google Scholar)

Надворешни врски[уреди]

  • Nomenclator Zoologicus - индекс на називите на сите родови и подродови во зоолошката номенклатура од 1758 до 2004 г. (англиски)