Езоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Езоп
Aesop pushkin01.jpg
Хеленистичка статуа за која се смета дека го претставува Езоп
Роден/а c. 620 п.н.е.
Починат/а 564 п.н.е. (воз. 55 или 56 г.)
Делфи, Грција
Националност Грк
Жанр Басни
Значајни дела Голем број на басни познати под заедничко име како Езопови басни
Aesopus moralisatus, 1485

Езоп (грчки: Αἴσωπος, Aisōpos) - старогрчки писател на басни.

Биографија[уреди | уреди извор]

За животот на Езоп нема многу податоци. Се смета дека Езоп живеел од 620 п.н.е. до 564 п.н.е. По потекло од Мала Азија, тој бил роб на островот Сам, сопственост на филозофот Ксант, кој го ослободил. Исто така, се верувало дека по потекло е од Тракија или од Лидија (од Сард), но сепак, преовладувало мислењето дека тој е од Фригија, и тоа поради две причини: јадрото на неговите басни е фригиско, а освен тоа, неговото име потсетува на Езеп - река во Фригија.[1] Иако малку се знае за неговото потекло, младост и семејство, постојат повеќе податоци за неговата смрт. Се претпоставува дека не умрел од природна смрт, туку дека бил убиен, а причината за тоа биле токму неговите басни. Имено, Езоп ги проколнал жителите на Делфи затоа што не им се допаднале неговите басни, а тие пак лажно го обвиниле дека уркал златен сад од храмот на Аполон, по што го врзале и го фрлиле од една карпа. Според друга верзија, неговиот пријател, кралот Крез, го испратил Езоп во Делфи за да однесе подароци во Аполоновиот храм, како и за секој жител на Делфи. Езоп го оставил златото во храмот, но сметајќи дека жителите на Делфи се неработници, парите наменети за нив му ги вратил на кралот Крез. Навредените жители на Делфи го обвиниле за кражба на златна жртвена чаша од храмот и го фрлиле од карпа.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

На Езоп му се припишува авторството на вкупно 426 басни, а прв ги објавил Деметрија Фалеранин во 4 век п.н.е. Басните се полни со алегории, хумор, а филозофијата на животот е раскажана под маската на разни животни. Езоп се смета за татко на басната, а неговиот пример го следеле бројни современи баснописци, како: Лафонтен во Франција, Лесинг во Германија, Иван Крилов во Русија, Доситеј Обрадовиќ во Србија, итн. Исто така, бројни современи писатели ја користеле постапката својствена за басната за да ги искажат карактеристиките на човекот. Езоповскиот јазик претставува поим за говорна загатка со која се кажува едно а се мисли на нешто друго, како и поим за книжевната постапка со која тешките вистини за луѓето се соопштуваат преку привидно наивен дијалог меѓу животните, растенијата и предметите. Како и седумтемина мудреци, кои му биле современици, Езоп бил човек со големо животно искуство, голем познавач на човековата природа и набљудувач на човековите недостатоци. Покрај тоа, за да ги создаде своите басни, тој морал да биде и добар познавач на животинскиот и растителниот свет, со цел да ги пронајде најблиските сличност меѓу нив и луѓето. Тој ги кажувал басните за да ги поучи луѓето и да ги направи подобри, но неговата дарба не е само педагошка, туку и уметничка, зашто многу негови басни се книжевни медалјони полни со свежина, хумор, бистрина и правичност.[3]

Види исто така[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мухарем Первић, „Езоп и Доситеј“, во: Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 6.
  2. Мухарем Первић, „Езоп и Доситеј“, во: Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 6.
  3. Мухарем Первић, „Езоп и Доситеј“, во: Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: 1963, стр. 6-8.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за:
Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема:
Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: